Како што одминуваат годините, се повеќе сме ,,вкочанети,,. Сепак, со малку труд можете да ја сочувате младешката флексибилност засекогаш.

Персоналниот инструктор Наџа Ферведер има сосема едноставен совет. Се што е потребно е секој ден да ја правите оваа вежба и да се храните здраво.

 

Што да правите:

 

 

 

 

 

Најважно е колковите да ви останат флексибилни, а тоа ќе се постигне ако се истегнувате секој ден.

Легнете на грб, свиткајте ги колената. Левата нога прекрстете ја преку десното колено, ако почувствувате истегнување, останете во таа положба колку што можете да издржите, а потоа променете ја ногата.

За дополнителен ефект, со рацете опфатете го бутот на ногата која е потпрена на подот и повлечете ја кон себе.

На крај, седнете со прав грб, спојте ги стапалата, а колената нека ви бидат раширени така што, но  гледано одозгора да потсетуваат на крија на пеперутка. Колената туркајте ги кон подот, така што да ги ,,отворите,, колената колку што можете најмногу, но така што рбетот да ви биде прав.

 

Што да јадете:

 

Калциумот е многу важен за коските, но имајте во предвид дека не се само млечните производи богати со калциум. Одлични извори на овој важен минерал се кељот и брокулата, па овој зеленчук би требало да се најде на вашето мени барем двапати неделно.

Витамонот Д е исто така неопходен за здрави коски, бидејќи тој му помага на телото да го искоритси калциумот кој го внесуваме преку исхраната. Наједноставен начин да се засили консумирањето на витаминот Д е да се јадат сардини двапати неделно.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина