Ако рацете и нозете ви се постојано студени, а не сте во студено опкружување, тоа е знак дека постои можност за развивање на некој здравствен проблем. Студените прсти на рацете и нозете се честа појава кај жените, и се дел од нормалниот процес со помош на кој организмот ја одржува температурата на виталните органи. Но, и во овој случај е сериозно укажување за постоење на некој здравствен проблем.

Студените раце и нозе можат да укажуваат на проблеми со нервите, циркулацијата или на оштетување на ткивата. Ако овој проблем постои подолг период, треба да се земат во предвид следниве болести:

1. Лупус

Систематскиот лупус ги напаѓа крвните садови. Малите крвни садови во кожата на рацете и нозете го спречуваат нормалното движење на крвта. А резултат на тоа се ледени раце и стапала.

2. Рејнова болест

Рејновата болест спречува артериите на рацете и нозете да влезат во вазоспасма или ги доведуваат во состојба да се стеснуваат и да го ограничува протокот на крв во екстремитетите. Со тек на време, артериите се зачепуваат и го спречуваат нормалниот ток на крвта. Еден од симптомите се бледи прсти на рацете и нозете или со боја на скапана вишна.

3. Синдром на карпален канал

Синдромот на карпален канал е состојба каде под притисок се нервите во зглобовите, што доведува до болка, здрвеност, студенило и трпнење на рацете.

4. Хипотироидизам

Нарушувањето на штитната жлезда обично доведува до побавен метаболизам, а често е проследен со студено чувство во рацете и нозете.

5. Низок крвен притисок

 

studeni3

 

Луѓето со низок крвен притисок имаат концентриранн проток на крвта во пределот на торзото, а екстремитетите остануваат студени.

6. Анемија

Ако покрај симптомите на студени раце и нозе чувствувате и други симптоми, како што се замор, главоболка и малаксаност, проверете го железото во крвта. Железото е главна состојка на хемоглобинот, молекула која го пренесува кислородот во крвта и која му ја дава црвената боја.

Анемијата предизвикува екстремно бледило на кожата, замор, слабост и студенило на рацете и нозете. Анемијата поради недостиг на железо често останува недијагностицирана.

7. Стрес

Стресот го стимулира производството на адреналинот кој ги затегнува крвните садови и ја спречува циркулацијата, што предизвикува чувство на студенило во рацете и нозете.

8. Пушење

 

studeni41

 

Пушењето доведува до затегнување на крвните садови. Ако сте хроничен пушач, сигурно рацете и нозете ви се постојано студени.

9. Дијабетес

Студенилото како и трпнењата во дланките и стапалата можат да бидат први знаци за дијабетес. Дијабетесот остава последици на крвотокот, па често кај дијабетичарите стапалата и нозете се студени.

 

Третирање на студените раце и нозе

Земајте додадок од рибино масло за подобрување на толеранцијата на студенило. И терапевтите можат да ве научат на техники на примена на енергијата.
Облекувајте се соодветно кога е надвор студено. Носете чорапи. Оставете ги цигарите, обратете внимание на внесувањето на кофеин и сведете го стресот на минимум. Доколку имате клима, подесувајте ја на потопли температури за да го спречите студенилото на рацете и нозете.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина