Инфекцијата со коксаки вирус, позната уште како ,,болест на валкани раце”, ретко се јавува, но е многу опасна, бидејќи доколку не се дијагностицира на време може да го нападне срцевиот мускул и да доведе до негово трајно оштетување. Затоа е многу важно да се препознае оваа болест што поскоро, уште со првите нејзини сиптоми и да се побара стручна помош. Инфекцијата со коксаки вирусот најчесто се јавува кај училишни деца и тинејџери, и условно може да се вброи во болест која настанува од валкани раце, бидејќи изворот на зараза е секретот од ждрелото и столицата. Валканата вода и рацете се главен извор на преносител на вирусот, кој вон телото може да преживее и до неколку дена. Инфекцијата се јавува во текот на целата година, а карактеристична е за периодот на почетни контакти меѓу децата, кога тие подолго време престојуваат во затворена просторија.

Два типа на болеста

Се разликуваат два видови на овој вирус тип А, кој по делување е многу посилен, и тип Б – кој е послаб, но и потенцијално поопасен, бидејќи може да го нападне срцевиот мускул и да предизвика инфекција со долготрајни и тешки последици. Имено, инфекцијата со коксаки вирус тип А се нарекува уште и болест на стапалата, рацете и устата, иако може да предизвика и конјуктивитис. Од друга страна, типот Б најчесто предизвикува белодробни тегоби, треска, болки во стомакот и главоболки, а и двата видови понекогаш доведуваат до менингитис, миокардитис и перикардитис.

Возрасните болни, посебно оние со послаб имунитет, изложени се на поголем ризик да добијат срцеви проблеми. До тоа доаѓа затоа што во случај на зараза се оштетуваат клетките, па срцевиот мускул повеќе не е во состојба да се контрахира, поради што срцето повеќе не испраќа доволно количина крв во организмот. При одбрана од висрусот се создаваат антитела, кои понекогаш ги активира автоимунолошките процеси (телото почнува да ги напаѓа сопствените клетки). Коксаки вирусот може трајно да го оштети срцевиот мускул, а со самото тоа да го загрози и целокупното здравје на пациентот.

Симптоми

Инфекцијата со коксаки вирусот е слична на настинка и се манифестира со симптоми слични со оние на грипот. Понекогаш поминува без никакви симптоми и затоа често се нарекува ,,болест со 10 лица,,, освен во случај кога организмот е нападнат од вирусот од тип А, кога на рацете, стапалата и устата се видливи болни меури. Во почетната фаза од болеста се јавува малаксаност, поспаност, непријатност и слабеење, понекогаш проследени со пролив и болки во грлото. Потоа се јавува повишена температура, главоболка, повраќање и болки во стомакот, по што настапува таканаречената менингеална фаза, чии најважни знаци се главоболка и повраќање, одбранбен рефлекс, кој укажува на зголемен тонус на вратните и грбните мускули, оток на лимфните јазли на вратот, пречувствителност на светлина и звуци, брадикардија (забавена работа на срцето), запек и нарушена свест.

Дијагноза и лекување

Присуството на коксаки вирусот не е можно да се открие со стандардни биохемиски анализи. Поради тоа, во случај да има сомневање на инфекција, крвта на болниот се испитува со посебни тестови. Поради тоа што не постои терапија против овој вирус, лекувањето е симптоматско, што ќе помогне организмот самиот да се избори со предизвикувачот на болеста.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина