Сигурно ви е познато чувството – тој непријатен и напорен грч кој, одвреме – навреме, го имате во окото. Зошто се случува тоа? Се покажало дека се работи за рефлекс на мускулот на очниот капак, а кој се случува со цел да се заштити вашето око од ,,туѓи,, стимуланси. ,,Играњето,, на окото обично е одговор на закана.

Што можете да преземете во поглед на тоа за ,,играњето,, да престане? Престанете со се што работите и одморете се со затворени очи. ,,Играње,, на окото може да настане и поради сувост на очите. Држете студена облога преку окото, а потоа капнувајте вештачки солзи. Некои офталмолози препорачуваат вештачките солзи да се оладат претходно за да се има подобар ефект.

Обратете внимание и на некои други причини поради кои доаѓа оваа појава, без разлика дали се работи за недостиг на одмор или се работи за фактор на замор. Очите ви ,,играат,, (левото или десното око) кога сте под стрес, уморни или кога внесувате големи количини кофеин. Ако цел ден сте пред монитор, почестите паузи може да бидат од помош. А, ако веќе морате да ги триете очите, одбегнувајте тоа да го правите со врвовите од прстите, бидејќи така во очите можат да стигнат бактерии. Ако ,,играњето,, на окото се продолжи и двете очи истовремено почнат да ви ,,играат,, обратете се на доктор. Тиковите можат да бидат и симптоми за заболувања како Паркинсонова болест, Белова парализа или повреда на рожницата.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина