1. ВЕЖБА
Вдишете длабоко на нос со затворена уста, задржете го здивот на неколку мига, а потоа полека испуштајте го воздухот низ уста. Битно е воздухот да го испуштате доволно полека, така што да успеете да изброите до десет (поентата е да почувствувате како воздухот ви ,,патува,, од горните дишни органи до стомакот). Повторете го ова пет пати.

2. ВЕЖБА
Сега следува брзо дишење: вдишувајте брзо на нос додека броите до пет, а потоа исто така издишете на уста, исто така броејќи до пет. Вдишувањето треба да звучи како шмркање, а издишувањето како ,,свиркање,,. Ова се нарекува перкусивно дишење и исклучително е корисно за опуштање на стомачните мускули.

3. ВЕЖБА
Вдишете на нос, задржете го воздухот пет секунди, а потоа полека издишете, повторно броејќи до пет.

Техники за полесно породување

За успешно спроведено породување, неопходна е целосна соработка – како од страна на трудницата, така и од страна на докторот и бабицата. Добро подготвената трудница ќе ги употреби следниве вежби за релаксирање, а со тоа и полесен ќе и биде самиот чин на породувањето.

trudnici2

 

Вежби за дишење

Вежбањето на дишење за време на бременоста се споведува во легната положба, на грб, со свиткани колена и подигната глава (од лопатките нагоре кон главата стои перница) ставена под агол од 45 степени. По длабоко вдишување на нос следи издишување низ уста – најпрво спонтано, а потоа продолжено, со собрани усни, со цел да се исфрлат уште два до два ипол литри заостанат воздух од белите дробови. Ова се изведува со контракција на стомачните мускули. За време на изведување на вежбите на дишење, трудницата треба да ги почувствува мускулите кои учествуваат во вдишувањето, како дијафрагмата ја притиска матката надолу: во првата фаза на издишување – релаксација, бидејќи дијафрагмата се подига, а при активно издишување – контракција на стомачните мускули, кои странично ја потиснуваат матката. Овде е важно да се направи разлика помеѓу вертикалниот притисок на дијафрагмата и страничниот притисок на стомачните мускули.

Вежбите за дишење се спроведуваат три пати дневно од по три до пет минути, а покрај техниките за дишење, треба да се вежба и промената на ритамот, за трудницата да се подготви за породувањето.

Техники на дишење

Лесно и длабоко дишење се применува на почеток на породувањето, кога се чувствуваат контракциите во матката. Додека го вежба овој вид на дишење, трудницата лежи на грб, со свиткани колена и со перница поставена под агол од 45 степени. Вдишува на нос, а издишува на уста една минута. Ова се повторува неколку пати.

Забрзано и површно дишење се применува кога ќе почне се повеќе да се отвора грлото на матката, односно кога ќе се засили интензитетот на контракциите. Се вежба во иста положба. Трудницата најпрво длабоко вдишува низ нос, а издишува низ уста. При следното вдишување, почнува да дише брзо и површно – само на уста, до една минута. Завршува со длабоко вдишување и издишување. По одмор од една – две минути, вежбата се повторува неколку пати.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина