spienje_naslovna

За времето додека спиете, вашето тело не мирува – во него се одвиваат многу активности, а заради некои од нив во будна состојба сигурно би пропаднале од срам.

Сонот е од исклучително значење за здравјето, а за време на спиењето редовно доаѓа до намалување на притисокот и телесната температура ( најниската е околу 02:30 часот наутро) и мал број на отчукувања на срцето. Со потењето и дишењето се губи и вода, па наутро ќе бидете малку полесни. Но погледнете што друго се случува додека мирно спиете.

1. Мускулите ви се привремено парализирани

” Звучи застрашувачки, но оваа парализа е добра, бидејќи оневозможува да се движите, додека сонувате, ” вели д-р Лиза Шивес, експерт за спиење од Американската асоцијација на SleepBetter.org .

2. Очите ви се превртуваат

Во РЕМ фазата од спиењето, очите одеднаш ви се движат од една страна на друга, а научниците се уште не знаат зошто точно ова се случува. Меѓутоа, сепак знаат дека ќе се чувствувате најодморено ако се разбудите откако ќе помине РЕМ фазата. Иако тоа зависи од личност до личност, еден циклус на спиење ( вклучувајќи ги сите фази) обично трае 90 минути. А, ќе бидете најодморени доколку се разбудите по 7,5 часа сон (пет циклуси ), отколку по 8 часа сон ( 5 ⅓ циклуси).

3. Сексуално сте возбудени

И како што мажите имаат ерекција за време на РЕМ фазата од спиењето, и жените во оваа фаза можат да бидат сексуално возбудени . Причината е поголемата мозочна активност за време на РЕМ спиењето, која бара повеќе кислород, а тоа резултира и со подобра циркулација на крвта низ целото тело. ” Доаѓање до природно зголемувањена клиторисот, бидејќи крвта доаѓа до овие делови и предизвикува нивно отекување “, вели д-р Шивес.

4. Имате гасови

Не е убаво, ниту пак пријатно, но во текот на ноќта мускулите на аналниот сфинктер попуштаат, па лесно доаѓа до појава на непријатните гасови. За среќа, вашето чувство за мирис (и чувството на мирис на луѓето кои спијат до вас) се намалува.

5. Вие би можеле да имате грчеви по целото тело

Многумина почувствувале дека во текот на ноќта имаат грчеви и тоа е сосема нормално. Некои експерти сметаат дека овие грчеви може да биде поврзани со анксиозност и / или неправилен распоред за спиење, додека други сметаат дека грчевите се неизбежни.

6. Се зголемува производството на колаген

Колагенот е протеин кој ги зајакнува крвните садови и и дава еластичност на кожата. Додека спиете, се ослободува хормонот на раст што го поттикнува и зголемувањето на колаген.

7. Растете

Дисковите во ‘рбетот, кои дејствуваат како перници меѓу коските, во текот на ноќта се рехидрираат и стануваат поголеми, бидејќи телесната тежина не ги притиска на оној начин како што ги притиска кога стоите. Ако имате тврд душек, спијте во странична позиција во положба на фетус, бидејќи на овој начин ќе го намалите оптоварувањето врз вашиот грб.