Лушпите на псилиум настануваат од семето на растението Plantago ovata, несварливи се и имаат способност да ги впиваат токсините од цревата. Одлични се да се консумираат со јогурт! Тие се всушност несварливи влакна кои во комбинација со ацидофилен јогурт, еден од најважните пробиотици, може да го олесни варењето и да елиминира запек. Имено, оваа комбинација го поттикнува празнењето на желудникот и цревата, остранувајќи ги притоа заостанатите наслојки од варењето и помагајќи ја обновата на здравата цревна микрофлора.

Псилиумот со себе ги врзува и маснотиите, па од тука е добар за сите оние кои се грижат за здраво срце и сите оние кои имаат проблеми со холестеролот. Можете да го претворите во појадокот кој ќе го консумирате во период од две недели, односно во периодот во кој ќе го чистите организмот. Еве како:

Состојки:

  • 2 лажички лушпи од псилиум
  • 2 дл. јогурт ацидофил (или домашен кефир)

Подготовка:

Измешајте го ацидофилнит јогурт/кефир со псилиумот и веднаш испијте го напитокот.

Напомена:

По овој оброк задолжително испијте 2 дл. вода, а преку целиот ден исто така пијте повеќе течности од вообичаено. Псилиумот ќе набабри во желудникот и цревата и ќе се врзе со течноста, што може да доведе до лесна дехидрираност. Затоа секогаш имајте при рака чаша со вода.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина