Вежбањето не мора да биде кошмар кој ,,мораме,, секој ден да го правиме. Доволно е да се оддели половина час и тоа ќе биде сосема доволно за да се оддржува убавиот изглед, но и здравје.

Дознајте детално што се случува во телото кога секојдневно вежбаме:

За време на тренингот

 

  • се зголемува брзината на метаболизмот;
  • се подобрува протокот на крв;
  • протокот на воздухот се зголемува за околу 8 литри (кога сме во состојба на мирување) на 100 литри во минута;
  • подобрената циркулација им овозможува на клетките да внесат повеќе кислород и нутритиенти од крвта;

 

Веднаш по тренингот

 

  •  телото почнува да ги вари протеините и јагленохидратите четири пати побрзо, па со самото тоа килограмите побрзо се губат;
  •  мозокот почнува да лачи ендорфин, кој го подига расположението;

 

Неколку часа по тренингот

 

  •  ни се зголемува самодовербата;
  •  крвниот притисок се враќа во нормала;
  •  почнуваме подобро да спиеме, а квалитетот на сонот генерално се подобрува;

 

По неколкунеделен редовен тренинг

 

  •  капацитетот на белите дробови е зголемен и уште повеќе се зголемува;
  •  срцето и крвните садови работат подобро;
  •  поиздржливи сме;
  •  се подобрува нивото на хемоглобинот во крвта: бројот на црвени крвни зрнца на кубен милиметар се зголемува од 5 милиони на 6 милиони;
  •  имунолошкиот систем е се посилен: нивото на лимфоцитите во крвта расте;
  •  телото го регулира нивото на шеќер и другите сустанции во крват многу полесно;
  • телото многу помалку складира масти.

 

По неколкумесечно редовно тренирање

 

  •  помалку сме под стрес и не можеме да бидеме изложени на депресија и на промена на расположението;
  •  преносот на кислород во мускулите се зголемува, исто како и микроциркулацијата на крвта;
  •  подобрената координација на движењата помага да се зајакне нервниот систем. Брзината на пренос на нервните импулси се зголемува: се подобрува активноста на мозокот и побрзо донесуваме одлуки;
  • мускулно-скелетниот систем на телото се јакне: мускулите стануваат поголеми, а коските поотпорни и посилни;

 

По неколку години редовно тренирање

 

  • се зголемуваат животните очекувања;
  •  подолго остануваме млади;

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина