Поретко ќе имате главоболки и ќе имате подобра концентрација

Истражувањата покажале дека соковите можат да го зголемат ризикот од настанок на главоболки. Штом еднаш ќе престанете во целост да пиете сокови, ќе забележите како главоболките се се поретки и дека концентрацијата е многу подобра. Соковите содржат хемиски соединенија и вештачки засладувачи кои влијаат врз хемискиот состав во мозокот, на начинот на кој нервите комуницираат меѓусебно и воопшТо на функционирањето на мозокот. Тоа може да доведе до главоболки, анкциозност и несоница.

Подобро ќе го чувствувате вкусот на храната

Кога во целост ќе престанете да пиете сокови, многу брзо ќе забележите дека подобро го чувствувате вкусот на храната. Вештачките засладувачи од соковите се толку многу интензивни за сетилото за вкус, чиј инаку интензитет е нормален, што почнуваат да стануваат безвкусни. На пример, аспартамот е дури 200 пати посладок од шеќерот. Соковите наместо да ви ја задоволат вашата желба за слатко, ќе ја зголемат таа желба уште повеќе.

Ќе почнете да го губите вишокот на килограми

Ако сте престанале да ги пиете соковите поради губење на килограмите, добрата вест е дека многу брзо ќе почнете да ги забележувате резултатите. Губењето на килограмите најпрво ќе го забележите на стомакот. Едно истражување покажало дека секојдневното консумирање на сокови може да го зголеми ризикот за дебелеење за дури 65%. исто така, треба да се знае дека соковите можат да го зголемат ризикот од настанување на метаболички синдром, чии карактеристики се висок крвен притисок, високо ниво на триглицериди и високи нивоа на шеќер во крвта.

Коските ќе бидат поздрави

Престанувањето на консумирање на сокови е еден од најдобрите начини за да го подобрите здравјето на коските и да го намалите ризикот од настанување на фрактури. Едно истражување докажало дека секојдневното консумирање на сокови дури за 14% го зголемува ризикот од настанување на фрактура на колкот. Соковите можат да го намалат процентот на коскената маса и да го зголемат ризикот за настанок на остеопороза.

Ќе се смени вашиот став кон храната

Истражувањата покажале дека оние кои секојдневно пијат сокови почесто донесуваат лоши одлуки во поглед на исхраната, во однос на оние кои ретко или никогаш не пијат сокови. Кога ќе ги елиминирате соковите, најверојатно ќе почнете да донесувате подобри прехранбени одлуки.

Подобро ќе поднесувате алкохол

Кога мешате алкохол со сокови, побрзо ќе се напиете, бидејќи концентрацијата на алкохол во крвта почнува многу брзо да се зголемува. А кога алкохолот го мешате со кофеин, не само што побрзо ќе се написете, туку и ќе го зголемите ризикот за настанок на дехидрација на телото.

Ќе го намалите ризикот од настанување на дијабетес тип 2

Оние кои секојдневно пијат сокови, имаат поголем ризик од настанок на дијабетес тип 2. исто така, се зголемува ризикот од насобирање масти на стомакот, доаѓа до дисбалан на нивото на инсулин и почнува да се зголемува нивото на шеќер во крвта. Неодамнешното истражување на научници од Јапонија покажало дека мажите во средна животна доба, кои секојдневно пијат сокови, имаат драстично поголем ризик за настанок на дијабетес тип 2 во следните 7 години.

Ќе го поттикнете функционирањето на бубрезите

Кога ќе престанете во целост да пиете сокови, бубрезите ќе почнат подобро да ви функционираат. Ќе почнете подобро да ги чистите токсините од телото, ќе го стабилизирате нивото на шеќер во крвта и подобро ќе ги апсорбирате минералите.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина