Крушата е кралицата на месец септември. Зрее до крајот на август и ни ги дава своите благодети во есен. Освен што е вкусна, таа исто така е и многу полезна. Хомер во ,,Одисеја,, ја нарекува ,,дар од боговите,,.

 

Ја сметале за овошје кое ги прави луѓето убави, за лекување на многу болести и за запирање на времето. Еве за што е уште полезна.

 

За добро расположение

 

При вртоглавици и зголемен замор, не е потребно да се пијат литри кафе. Фолната киселина, која ја има во крушите, ќе ве развесели подобро од кој било стимулативен напиток и ќе ви го нормализира притисокот.

 

Младост

 

Крушата е богата со антиоксиданси, го стопира прераното стареењ ена клетките и го поттикнува нивното регенерирање. Покрај тоа, таа се бори против слободните радикали кои предизвикуваат рак.

 

Добра фигура

 

Влакната, кои ги има во големи количини во крушите, го нормалиизраат варењето и го забрзуваат метаболизмот, што влијае врз фигурите. Покрај тоа, крушата не содржи многу калории.

 

Добро здравје

 

Крушата ги содржи сите витамини кои му се неопходни на организмот: A, B1, B2, E, P, PP, S. Овие витамини се одговорни за исхрана на кожата, ноктите и косата, емоционалната стабилност, интелектот и, секако, имунитетот.

 

 

Чистење на организмот

 

Крушата има позитивен ефект врз панкреасот и ги чисти црниот дроб и бубрезите. За варење на фруктозата од крушата не е потребен инсулинот за варење, па затоа често им се препорачува на дијабетичарите.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина