Што се случува кога се одложува голема нужда?
Одењето во ВЦ е природен процес на чистење на организмот и токму поради тоа никако не смее да се одложува. Ова посебно се однесува на големата нужда. Кога е најдоброто време за нејзино извршување? За повеќето луѓе, најдоброто и најздраво време за одењето во тоалет е утрото. Имено, во текот на ноќта нашиот систем за варење ја разградува храната која сме ја изеле во текот на претходниот ден, која наутро, кога ќе се разбудиме, е спремна да излезе од телото.
За едни одењето во тоалет е нормална и рутинска работа, додека за други претставува проблем. Иако утринското празнење на цревата е најздраво за организмот, оние кои не го прават тоа не мора да бидат загрижени. Примариус Марино Кварантан објаснува дека за нормално се смета голема нужда да се врши еднаш или неколку пати дневно. Меѓутоа, ако тоа се прави на секој втор или трет ден, не мора повторно да постои загриженост, се додека не почувствувате физичка непријатност. Доколку почувствувате симптоми како надуеност и грчеви или тежина во стомакот, треба да побарате совет од стручњак.
Проблеми со варењето може да се јават ако се нарушу дневната рутина на одење во тоалет. Кога се нема време или можност да се изврши нужда, па поради тоа таа се одлага, телото, кое испратило јасен сигнал за празнење на цревата, влегува во состојба на своевиден мал шок. Одложувањето на одењето во тоалет може да доведе и до бројни нус-појави, како надуеност, гасови, грчеви, па дури и до запек.