Ако сте од оние кои имале бурна ноќ, постои решение за мамурлукот, кој многу често знае да го уништи денот по консумирањето алкохол. Верувајте, овој ,,природен,, лек и тоа како ќе ви се допадне. Имено, сексот е најдоброто решение за брзо и со уживање да се ослободите од мамурлукот. Претставува задоволство, најмногу годи и не е нешто кое нема да посакате да го направите за да си помогнете на себе.

Мамурлукот е физичка и емоционална состојба кое настапува по прекумерна потреба на алкохолни пијалоци. Како последица од тоа следува губење на одредена количина течности. Се јавува главоболка, а понекогаш претставува многу тешка состојба, кое мачно се поднесува и често се доживува како вистинска болест. Поради тоа сексот претставува идеално решение за оваа состојба, исто како што е и за многу други проблеми. Сексот е нешто во кое уживаме и се чувствуваме одлично по него. Не значи дека ќе се ослободиме во целост од мамурлукот со него, но секако ќе помогне да се чувствуваме подобро тој ден. А тоа е и целта на овој рецепт.

Се разбира, тоа не е единствениот ,,природен,, лек. Ви препорачуваме и консумирање намирници како што се лубеницата, бананите и ѓумбирот, кои го смируваат мамурлукот и сите непријатности кои тој ги носи со себе.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина