Крлежите (Ixodes ricinus) живејат во листопадни и мешани шуми, на ливади, во паркови и градини. Не им годат ниски температури под 10 степени, ниту високи, над 35 температури, но затоа им годи влага. Имавме блага зима, па овиечудовиштапочнаа да се појавуваат на почеток на април. Познато е дека тие се најактивни во мај и јуни. Внимавајте и задолжително прегледајте се по престој во природа. Ако планирате убавите пролетни денови да ги поминете во природа, а сте облечени во куси шортцеви и куси ракави, веднаш треба да се прегледате добро кога ќе се вратите. Ако и се случи да забележите на себе крлеж, најдобро е да не паничите веднаш, туку што поскоро да го извадите (во првите 24 часа) и да го следите местото на убодот. Симптомите кога ќе касне заразен крлеж се слични со оние на грипот: висока температура, болки во мускулите, главоболка, мачнини и повраќање. Овие симптоми се симптоми за менингитис и под итно каснатиот мора да се јави на доктор. Понекогаш при овие симптоми, кои можат да се јават од првиот ден до 3 недели по каснувањето, се јавува и осип.

Сезоната на крлежи трае од рана пролет(некогаш и порано, ако зимите се благи) до доцна есен. Најактивни се во мај и јуни, и тогаш треба голема внимателност. Крлежите се големи од два до пет милиметри и обично се кријат на гранките од грмушките и дрвјата. Кога ќе дојде на тело, тој некое време бара погодно место каде ќе се закачи и ќе почне да се храни. Самиот убод не се чувствува воопшто, затоа што при каснувањето крлежот ослободува некаков вид анестетик и затоа не се чувствува ни пецкање ниту болка. За да се пренесе некоја посериозна болест, крлежот треба да биде закачен неколку часа. Но, за заразување со менингитис потребно е многу кусо време, па затоа крлежот треба што побрзо да се извади.

Како настанува заразен крлеж?

Додека е уште мал, крлежот се закачува за некој мал цицач, најчесто глушец. Тој ја цица крвта на заразеното животно, па потоа понатаму го пренесува вирусот.

Како да се извади крлежот – не го допирајте со голи раце!

За оваа постапка задолжително користете пинцета и обидете се да го извадите полека, така што главата да не му остане во кожата. Кога ќе го извадите, каснатото место премачкајте го со антисептик. Исто така, следете што се случува со состојбата на телото, затоа што некои симптоми на заразата можат и подоцна да се појават, иако е инсектото изваден. Не се обидувајте да го ,,задушите,, крлежот со алкохол, бензин или да го палите со чкорче, затоа што ненадејната смрт може да доведе до инстант пуштање на вирусот. Заразата можете да ја спречите со вакцинирање пред убодот. Оваа вакцина се препорачува на оние луѓе кои поради својата работа престојуваат на отворено, во шуми и во природа. Какви и да се временските прилики, носете долги ракави, а чорапите ставете ги над панталоните. Одбегнувајте лежење на земја и минување из грмушки. Користете и средства за заштита од крлежи. Ако многу се потите, средството треба да го нанесувате на неколку часа. И, не заборавајте дека прегледот по престој во природа е задолжителен. Посебно треба да прегледате зад увото, вратот, препоните, пазувите и папокот.

 

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина