Со оглед на денешниот, забрзан начин на живот, многумина оброкот го завршуваат за само пет минути. Ако и вие сте дел од нив, сменете ја оваа навика, затоа што си го уништувате своето здравје.

 

Луѓето кои јадат брзо се изложени на ризик од дебелеење и развој на метаболички синдром, а двате здравствени состојби го зголемуваат и ризикот од срцев удар, дијабетес и мозочен удар, покажала најновата студија.

 

Истражувањето направено од страба на јапонскиот Хирошима универзитет ја следела состојбата на 642 мажи и 441 жена во период од пет години, делејќи ги на три групи: оние кои јадат бавно, нормално или оние кои јадат брзо.

 

Откриле дека оние кои јадат брзо за 11,6% се повеќе склони кон развој на метаболички синдром, кој се дефинира како збир на факторите за ризик од дебелина: зголемен крвен притисок, високо ниво на триглицериди и зголемено ниво на шеќер во крвта.

 

Веќе подолго време се знае дека брзото јадење во никој случај не е добро за здравјето. Кога јадете брзо, телото нема можност да му испрати на мозокот сигнал дека желудникот е полн. На рецепторите во стомакот кои одговараат на храната и хормоните кои му сигнализираат на мозокот делумно сварената храна да ја стави во малото црево, потребни му се помеѓу 15 и 20 минути за да се  ,,придвижат,,.

 

Студијата исто така спроведена во Јапонија, во која учествувале повеќе од 3.000 мажи и жени утврдила дека оние кои јадат брзо за три пати се посклони кон дебелење од оние кои јадат бавно. Нив исто така многу често ги мачи и желудочна киселина.

 

Истражувањето спроведено во Кина покажало дека луѓето внесуваат 10% помаку калории ако секој залак го џвакаат 40 пати, во споредба со 15 пати џвакање.

 

Во една друга студија, пак, 30 млади жени добиле задача да ја изедат тестенината послужена на голема чинија. Кога јаделе брзо, внесувале 659 калории за девет минути, a кога секој залак го џвакале 20 пати, внесувале 579 калории.

 

Стручњаците советуваат да се џвака подолго и побавно, бидејќи така побрзо се вари храната – нашата плунка има ензими кои го олеснуваат џвакањето, но и го започнуваат процесот на варење.

 

Ако јадете брзо и сакате да јадете побавно, најдобро е да не чекате да бидете премногу гладни. Исто така, можете да пиете мали голтки вода меѓу залаците или да разговаарте со некого додека јадете, но никако и додека џвакате.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина