Срцето е еден од најважните органи, но токму на неговото здравје се посветува многу малку внимание. Го полниме секојдневно со стрес и нездрава храна, која го зголемува нивото на холестерол во крвта, поради што доаѓа до затнување на крвите артерии и негово неправилно работење.

Овие  намирници ќе ги прочистат крвните артерии, ќе го поправат општото здравје и ќе го намалат ризикот од срцев удар.

Масна риба

 

Лосос, скуша, харинга, бакалар и другите т.н. масни риби гонамалуваат ризикот од аритмија и артериосклероза. Препорачливо е да се јадат барем 2- 3 пати неделно.

 

Зобена каша

 

Богата со влакна, зобената каша го намалува лошиот холестерол и го подобрува варењето.

 

Бобинки

 

Боровинките и јагодите се многу добри за намалување на крвниот притисок и за чистење на крвните артерии.

 

Црна чоколада

 

Бирајте ја онаа со минимално 60% – 70% какао. Црната чоколада го нормализира крвниот притисок, се бори против воспалителните процеси во телото и затнувањето на крвните артерии.

 

Јаткасти плодови

 

Арашидите содржат протеински влакна, кои се добри за срцето. Исто така изобилуваат со витамин Е, кој помага во намалувањето на лошиот холестерол.

 

Екстра девствено маслиново масло

 

Само неколку лажици дневно извесен период драстично ќе го намали холестеролот и шеќерот во крвта.

 

Црво вино

 

Умереното консумирање помага да се редуцираат наталожените маснотии во крвните артерии, поттикнува детоксикација и слабеење.

 

Зелен чај

 

Само една шолја дневно го пречува наталожувањето на холестеролот во крвните артерии. Исто така, зелениот чај го забрзува метаболизмот и е добар за слабеење.

 

Брокула и спанаќ

 

Овие видови зеленчук содржат големи количини витамини, минерали и антиоксиданси. Тие го активираат срцето и го нормализираат крвниот притисок. Исто така содржат и влакна.

Авокадо

 

Го намалува нивото на лошиот холестерол во крвта и ги прочистува артериите. Авокадото изобилува со добри масти.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина