Од тенки линии околу усните, се до акните, секоја промена на кожата покажува некаков процес кој се случува во нашиот организам. Состојбата некогаш може да биде и алармантна.

Акни

Од ,,дивеење,, на хормоните до затворање на порите предизвикани од користење на шминка, акните се појавуваат поради многубројни причини. Меѓутоа, местото на жариштето може да ја одреди и причината за нивното појавување. Ако акните се на линијата со вилицата и брадата, тие најчесто се предизвикани од стрес или од хормоните. Една од солуциите е исхраната со поздрава храна и повеќе спиење. Ако се јавуваат на образите, во најчест број од случаите се условени од затворање на порите. Токму затоа е повеќе од пожелно шминката да се вади веднаш. Ако, пак се појавуваат акни на челото, тоа може да биде знак за поголем проблем, како што се проблеми со црниот дроб или варењето. Треба да се пијат поголеми количини вода и зелен чај за да се исфрлат токсините од организмот, а исто така и да се јадат поголеми количини овошје и зеленчук во секојдневната исхрана.

Темни кругови под очите

Заморот не е единствената причина за појавата на темни кругови под очите. За тоа подеднакво можат да бидат винивни и алергиите. Дури и ако мислиме дека не сме алергични на нешто, ако често се појавуваат овие темни кругови, дури и тогаш кога сме супер одморени, би било мудро да се обратите на доктор.

Суви усни

Сите сакаме да имаме убави усни, но факт е дека тие се и тоа како ранливи. Имено, тие се ,,направени,, од најтенките слоеви кожа и се многу подложни на дехидрација. За да се спречи овој проблем на самиот старт, треба да се пијат големи количини вода и секогаш да се користат хидратантни балсами за усни.

Видливи брчки на челото

Ова не е само знак за стареење. Напротив, тие би можеле да бидат знак дека црниот дроб е под притисок. Обидете се да го ограничите внесувањето на алкохол и обратете внимание на храната која секојдневно ја консумирате – можно е постоење на алергија или нетолератност на некоја намирница. Масирањето на челото со кружни движења, во делот над веѓите, исто така може да помогне за да се олесни притисокот.

Ситни линии околу усните

Постојат толку многу причини поради кои треба да престанеме со пушењето, а оваа е една од нив. Ситните брчки околу устата се ,,влошуваат,, т.е. стануваат уште повидливи со пушењето. Значи, ако ви е потребна уште една причина за да престанете со пушењето, тогаш држете се до ова.

Егзема

Од силните детергенти до промена на температурата, не е потребно многу за на кожата да се појави непријатен, црвен осип. Кога еднаш ќе започне, навистина е тешко да се надмине тоа чувство на чешање. Обидете се да откриете која е причината и направете ги неопходните промени. Ако се работи за гардероба, тогаш би било најдобро да се носи само памучна облека. Детергентите, парфемите или геловите за туширање – сите тие можат да бидат причина.

Сини траги на прстите

Околу 20% од населението добива чуден белузлаво-сина трага на прстите кога е студено. Тоа е класичен знак за т.н. Рејнов синдром, ретко нарушување кое предизвикува привремено грчење на крвните садови, поради што доаѓа до оневозможување на протокот на крв во рацете и стапалата. Оваа состојба може да се лекува со носење ракавици или користење лекови.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина