Витаминот Е е чудотворен витамин, чие внесување носи многу здравствени бенефити. Овој едноставен антиоксиданс, познат под стручното име токоферол, ги штити клетките од предвремено стареење и оштетувања. Состојка е на бројни намирници, па здравата исхрана е најдобриот начин за неговото внесување. Добри негови извори се јаткастите плодови (бадеми, лешници, кикиритки), растителните масла (сончогледово масло), пченичните никулци и многу други. Семките од сончогледот и зелениот лисјест зеленчук, како спанаќот и брокулата, исто така содржат значителни количини витамин Е.

Освен во храната, витаминот Е може да се се најде и во облик на масла или во капсули. Капсулите го содржат во најчист облик овој витамин.
Витаминот Е обично се користи за лекување дехидрирана кожа, па поради тоа е вообичаена состојка во производите за нега на кожата. Најновите истражувања ги имаат потврдено неговите специфични придобивки за здравјето на кожата, како и ефикасноста во превенцијата на стареењето. Тој ја штити кожата од неповолните влијанија од околината и од штетните УВ-зраци. Одличен навлажнувач е, кој поседува антивоспалителни својства. Одлично зарастува и рани. Покрај тоа одличен е и за косата, ноктите и за кардиоваскуларниот и гастроинтестиналниот систем.

1. Отстранува тврдокорни лузни

Витаминот Е делува ефикасно на стари и нови лузни, поттикнувајќи го нивното брзо зараснување и враќајќи ја убавината и сјајот на кожата. За тоа најдобро е да се користи серум или капсули или масло од витамин Е на самата лузна и да се втрива во неа една минута. На тој начин тој ќе навлезе длабоко во кожата и ќе делува на оштетеното ткиво. Одличен е и за губење на стрии.

2. Ја хидратизира кожата

Додајте малку течен витамин Е во лосионот за нега на телото и ќе забележите за кратко време како кожата ви станува повлажна и посјајна.

3. Лекува изгореници

Витаминот Е е исклучитечно ефикасен во лекувањето изгореници. Неговата директна примена на кожата му помага на епидермисот во апсорбирање на нутритиентите и за регенерирање.

 

4. Помага при егземи и псоријаза

Тешките оштетувања на кожата предизвикани од споменатите болести можат ефикасно да се излекуваат со помош на овој чудотворен витамин. Секојдневно втривајте го на оштетената кожа. Веќе за една недела ќе бидат видливи одлични резултати.

5. Спречува стареење на кожата

Витаминот Е помага во производството на колаген, чие намалено производство доведува до стареење на кожата. Со редовна примена, на кожата се стимулира производството на колаген во клетките, со што се спречува појавата на нови брчки на кожата и помага за отстранување на постоечките.

6. Го подобрува здравјето на ноктите

Ноктите можат да бидат цвсрти и сјајни токму благодарение на овој витамин, кој помага кршливите нокти да закепнат и да се намали појавата на заноктици. Масло или серум од витаминот Е се става во сад со вода и во него се држат прстите десеттина минути. Постапката се повторува најмалку пет пати во неделата.

7. Им дава сјај и мекост на усните

Витаминот Е е одлично решение за сувите и испукани усни. Тој ги прави помеки и повлажни, а со тоа им го подобрува изгледот и бојата.

Покрај сето горенаведено, витаминот Е лекува и низа друго здравствени тегоби поврзани со болестите на срцето и крвните жили – висок крвен притисок, проширени вени, затнати крвни жили. Се користи и за лекување на дијабетес и болести на нервниот систем, како што се Алцхајмеровата болест и деменцијата. Го чува видот и репродуктивното здравје на мажите и жените. Едно истражување во Кина покажало дека големите нивоа на токоферол во крвта, како резултат на неговото редовно земање, го намалиле ризикот од старосното перде (катаракта).

Витаминот Е се користи и за лекување на Кроновавата болест, цистична фиброза и холестаза.

Препорачаната дневна доза од овој витамин за тинејџерии возрасни изнесува 15 мг. Истата количина им се препорачува на бремените жени, додека доилките треба да земаат по 19 мг. дневно.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина