Кога зборуваме за зеолит, не зборуваме само за еден камен, туку за цел минерален комплекс од природно потекло добиен од вулканските стени, во кои се наоѓа. Имено, зеолитот претставува збир од неколку различни минерални компоненти, започнувајќи од натриумови, калиумови, алуминиумски и калциумови, па се до највредниот клиноптилолит, кој претставува кристален облик на зеолитот и кој е идеален за употреба кај луѓето.

Се работи за 100% природна супстанција, која е една од најпроучуваните суплементи на современото доба. Станува активна дури откако механички ќе се обработи, и како таков понатаму може да се користи во медицината, фармацијата, земјоделството, но и во сточарството и живинарството.

Како делува зеолитот?

Зеолитот уште го нарекуваат и минерал камен на иднината, пред се поради неговото исклучително дејство во борбата против слободните радикали, каде тој делува како многу силен антиоксиданс во чистењето на организмот од секакви штетни материи и токсини кои ни ги носи стресот, загадувањето на околината, нездравата исхрана, односно, кажано накусо, современиот начин на живеење. Како што веќе кажавме, зеолитот мора технолошки да се обработи за да стигна во активна форма. Тој процес на обработка опфаќа ситнење на материјата до големина на микрони, за да може понатаму да и се овозможи да се користи. Таквите изменети супстанции остануваат со ист хемиски состав, со тоа што им се менуваат некои физичко – хемиски својства, односно, се зголемува нивната слободна површина, апсорпциска моќ, капацитет и можноста за јонска измена, па така тие можат да делуваат врз бројните клетки во организмот, на тој начин што од него ги исфрлаат сите штетности и токсини, а уфрлуваат вода и хранливи состојки. Се смета дека колку повеќе е зеолитот иситнет, толку неговото дејство како адсорбенс при ослободувањето на организмот од афлатоксините, пестицидите, хербицидите, амонијакот и други штетности е поголема.

Зеолитот во медицината

Зеолитот кој се користи во медицински цели е клиноптилолит. Тој делува така што со својата структура, која е слична на кафез со решетки кои се негативно наелектризирани, ги привлекува сите штетни јони кои се позитивно наелектризирани и кои се наоѓаат во организмот, како што се канцерогените и органски отрови, тешки метали, слободни радикали и други.

Овој вид зеолит е нетоксичен и е безбеден за употреба, нема несакани десјтва, нус -појави или контраиндикации. Не е утврдено дека има некаква летална или токсична доза. Се смета дека не создава зависност и не се таложи во организмот, туку едноставно се елиминира од него. Покрај елиминирањето на штетните материи од организмот, зеолитот исто така ја регулира и неговата PH вредност и го јакне имунитетот кај луѓето.

Покрај сите горенаведени основни карактеристики, зеолитот во медицината, преку неговата основна улога на антиоксиданс и адсорбент, помага и во регулирањето на бројни други проблеми со кои се соочува современиот човек, како што се:

  • регулирање на нивоата на шеќер во крвта (било кај дијабетичари или кај оние кои се склони кон пораст на нивото на шеќер во крвта)
  • регулирање на работата на кардиоваскуларниот систем(во борбата против артериосклерозните процеси, ја потпомага циркулацијата, го јакне срцето, го регулира крвниот притисок, па од тука помага во превенирање на срцевиот и мозочниот инсулт)
  • идеален е за регулирање на тегобите во системот за варење, стабилизира настанати дијареи, учествува во регулирање на работата на црниот дроб, панкреасот и жолчните патишта
  • го регулира нивото на хормони во организмот, а посебно е значаен кај жените, за одржување на балансот на женските полови органи и за регулирање на симптомите од менопаузата, но учествува и во регулирање на бројни други гинеколошки проблеми со кои се соочуваат припадничките на понежниот пол (инфекции)
  • делува при исфрлање песок или камен од мокрачните патишта, бубрезите или пак жолчните канали

  • значаен е при борбата против остеопорозата

  • превенира настинки, грип и алергии

  • придонесува за подобра концентрација, меморија и ментални способности, а се смета и дека има позитивно влијание во превенирањето на тешки болести, каква што е на пример Алцхајмеровата болест

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина