Кога ќе опадне отпорноста на телото, многу брзо се појавуваат инфекции – вирусни, бактериски или габични, што со себе повлекува и процес на закрепнување и привремена промена на вообичаениот животен ритам, што секако не е пријатно. Затоа е и повеќе од важно да се води сметка имунитетот да ни биде во функција, подготвен да излезе на крај со силните опаснооти кои ,,демнат,, – различни вируси, бактерии, паразити, габи и други туѓи тела. Со намалувањето на телото и падот на имунитетот најчесто се јавуваат инфекции на дишните органи, херпекс симплекс (херпес на усните), уринарни инфекции, гинеколошки габични инфекции, но и многу други.
За жал, современиот начин на живот го има земено својот данок. Забрзано темпо на живеење, нездрава и еднолична исхрана, преголем број обврски и стрес, премалку сон, недоволно движење и честа употреба на антибиотици – сето тоа се фактори кои влијаат на падот на имунитетот и на појавата на разни заболувања. На есен нашето здравје е посебно ,,ранливо,, поради постојаните температурни разлики и честите контакти со луѓе во затворени простории. Активната грижа за нашиот имунитет делува превентивно и може да не спаси од многу идни проблеми – таа треба да стане наш начин на живот. Како најлесно можеме да го оддржиме имунолошкиот систем можен, активен и подготвен да не заштити? Постојат неколку едноставни совети.

1. Ослободете се од стресот и научете да уживате во мигот

Стресот е фактор кој го разорува имунолошкиот систем повеќе од било што друго. Долготрајната загриженост, оптовареноста на душата ја нарушуваат отпорноста на телото на најразлични болести, од оние полесни, како што се грипот и настинката, па се до далеку потечките. Мора да пронајдете ,,издувен вентил,, и да се обидете да се препуштите, да не се нервирате и да ја полните главата со убави позитивни мисли.

2.Хранете се разновидно и колку што можете поздраво

Здравјето влегува на уста. Едноставно е – најважниот фактор за зачувување на здравјето е исхраната. Трудете се да му обезбедите на организмот што повеќе ввитамини и хранливи материи. На вашата чинија нека има што повеќе свежа, непреработена храна, но и јаткасто овошје, мед, црна чоколада со големо количество какао, зачини како што се ѓумбир и рен, маслиново и кокосово масло, сите видови рива, пробиотици… Притоа, не заборавајте да внесувате многу вода и растителни чаеви.

3. Спијте доволно

За имунитетот да остане силен, неопходно е најмалку 7 до 8 часа ноќен сон. Доцното легнување и сон кој е краток лесно може да го наруши природниот биоритам. Важно е да се напомене дека попладневниот краток одмор претставува само моментално закрепнување и не може да го замени ноќниот сон.

4. Задолжително внесете во своето секојдневие физичка активност

Редовната физичка активност не придонесува само за подобра фигура, туку и за побрз метаболизам, подобро расположение и, што е најважно, делува благопријатно на општата состојба на организмот. Важна е и поради тоа што го зајакнува имунитетот, ја забрзува циркулацијата и го ослободува телото од токсините. Доволно е десеттина минути дневно за да се види разликата. Доколку не сакате да вежбате, доволно е да појдете на прошетка. Триесет минути дневно прошетка се сосема доволни.

5. Одбегнувајте алкохол, цигари и храна богата со адитиви во големи количини

Не треба засекогаш да се откажете од сите мали животни пороци, кои понекогаш можат да претставуваат и мало задоволство, но мора да имате мерка. Алкохолот, цигарите, рафинираниот шеќер, храната богата со адитиви – сето тоа влијае лошо врз функционирањето на имунолошкиот систем.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина