Анорексијата предизвикана од тешки нарушувања во исхраната може да доведе до сериозни оштетувања на видот, предупредуваат истражувачите од Универзитетот во Атина. Испитувајќи ја состојбата на жолтата дамка која се наоѓа во близина на центарот на мрежницата, која е задолжена за подобро да се гледа, дошле до заклучок дека и таа и нервните завршетоци кои излегуваат од тој дел на окото се потенки кај оние жени кои имаат нарушувања во исхраната.

Жените со дијагностицирана анорексија имале т.н. послаба електрична активност во окото, па така и послабо можеле да ги процесираат сликите. Меѓутоа, малиот број испитаници кои биле опфатени со ова истражување не е доволен за да се донесе конечна одлука. Понатамошните истражувања треба да утврдат дали овој дефицит е прелиминарен знак кој води кон понатамошно оштетување на видот, или преку исхраната се нормализираат со закрепнување од примарната болест, порачуваат исражувачите.Анорексијата најчесто се јавува кај младите жени од 12 до 25 годишна возраст, при што 1% од адолесцентките е погоден од ова тешко нарушување.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина