Составот на телото е една од петте делови на здравствениот фитнес и тој ги опишува компонентите на ткивата кои се наоѓаат во телото. За фитнес тренерите таа е многу важна компонентата, посебно за оние кои сакаат да се посветат на здравјето на клиентот. Тренерот врз основа на составот на телото може да ги одреди целите на тренингот и исхраната, со цел клиентот да ја подобри својата мускулна маса, да го редуцира поткожното масно ткиво или за да ја оддржи телесната тежина без негативни последици врз здравјето.

Освен составот на телото, во областа на здравствениот фитнес припаѓаат и мускулниот фитнес (мускулна јачина и мускулна издржливост), кардиореспираторната издржливост, здравствениот статус и функционалниот локомоторен систем. Секоја од наведениве компоненти треба да се процени за да можеме да ја одредиме моменталната состојба на поединецот, потенцијалните ризици врз здравјето како и која компонента е на најниско ниво.

 

На тој начин можеме да ја подобриме една по една компонента и така позитивно да делуваме на здравјето на поединецот. Целта на здравствениот фитнес е унапредување и зачувување на сите наведени компоненти, за да можат тие да ги изведуваат секојдневните активности без чувство на напор.

Освен во здравствениот фитнес, составот на телото е и една од компонентите на телесниот фитнес кој е поврзан со спортската изведба или изведба во рекреативниот спорт или на покомплексна реакреативна активност со поголем интензитет.

Составот на телото ни дава увид во односот помеѓу две компоненти, масната и немасната маса. Значи, составот на телото е показател на фитнесот, a со оглед на тоа дека е во корелација со масното ткиво, ни овозможува одредување на ризикот од појавата на многу незаразни болести, како што се дијабетесот, хипертензија, кардиоваскуларни болести, болести на артериите, хиперлипидемија (зголемен ЛДЛ, т.н. ,,лош,, холестерол) и одредени облици на карцином.

 

Кога зборуваме за масна и немасна маса, првенствено мораме да ги дефинираме и одделиме овие два поими. Вкупната маса на еден поединец, односно неговата телесна тежина, е поделена на немасна маса, која ја сочинуваат коските, мускулите, сврзното ткиво, крвта и водата, додека масната маса ја сочинуваат поткожното ткиво, вицералното масно ткиво и внатрешно-мускулното масно ткиво.

 

Поткожното масно ткиво е салото кое се наоѓа веднаш под кожата. Таа е дел од масната маса која сите ние сакаме да ја загубиме (најмногу од естетски причини), иако на големо влијае и врз нашето здравје, што е помалку важно за повеќето од луѓето кои настојуваат да ја редуцираат телесната тежина. Висцералното масно ткиво е она кое се наоѓа околу нашите органи.

 

Генерално, висцералното масно ткиво е многу поопасно по здравјето на човекот, во споредба со поткожното масно ткиво, но со тренинг полесно се редуцира. Кога некој има цел да го загуби вишокот на килограми, почетокот од тренингот ќе резултира со поголема загуба на висцералните масти.

 

Ако основна цел некому му е да ја редуцира телесната тежина, задача ќе му биде да ја зголеми немасната маса, а да ја редуцира масната маса. Значи, со одредување на составот на телото можеме да ги идентификуваме оние со висок или со низок процент на масно ткиво и да го одредиме здравствениот ризик, да планираме и програмираме соодветен индивидуализиран тренажен програм, да изготвиме квалитетен план на исхрана, да го следиме напредокот на клиентот кому цел му е да има идеална телесна тежина, а и да ги одредиме целите на редукција или зголемување на телесната тежина во одреден временски период.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина