Со промената на годишните времиња се менува и самата состојба на нашето тело. Доколу сме во совршен ритам со нашето тело ќе може да почуствуваме како со промената на годишните времиња се менуваат и потребите на нашето тело. Потребата за поинаква храна, поинаква облека па и поинаков начин на однесување. Во нашето тело постои еден совршен компас кој секогаш ни покажува кон што треба да се движиме. Но поради многу причини имаме заборавено да го следиме ритамот на нашето тело, и да ги читаме знаците кое тоа ни ги праќа.

Докторите тврдат дека подеднакво често можеме да се разболиме како и во зима. Кивавица, цедење од носот носот и зголемена телесна температура до 38 степени Целзиусови не минуваат со студеното време. Настинките и виремиите започнуваат уште на почетокот на месеците април и мај поради наглите промени на времето и големите температурни разлики. Сепак, најчесто причина за тоа е цветањето на овошките, бидејќи во основата на секоја летна настинка е некој алерген. Од тука, летните настинки имаат симптоми од алергиска природа. За среќа, тие се од минлив карактер, траат од три до пет дена, поретко и до седум.

Кога во лето лекуваме настинка, во основа, според зборовите на докторите, се лекува алергиската реакција на некој алерген. Терапијата е симптоматска, не вклучува антибиотици, а доколку настинката трае подолго од пет дена, задолжително треба да направите лабораториска анализа. Врз основа на седиментацијата, крвната слика и реактивниот протеин докторот ќе одреди дали таа вирусна инфекција преминала во бактериска. Доколку е повишен реактивниот протеин или ЦРП, тогаш се вклучува антибиотик во лекувањето, а во спротивно не се вклучува. При лекувањето на летните настинки докторите советуваат земање на повеќе витамини и минерали. Помагаат многу и капките за очи, лековите за алергиски реакции, калциумот, антихистаминиците (лекови за лекување на алергии), спреј за нос и друго. Кога надворешните температури се високи, се препорачува умерена физичка активност, слоевито облекување, што значи под маицата да се носи подмаица. Ова е најважно за спортистите, бидејќи подмаицата ја впива потта, додека маицата над неа останува сува и не чува од настинки. Исто така, многу е важно да се земаат многу течности. Не треба да се излегува нагло од климатизирани простории, бидејќи е опасно наглото менување на надворешната температура.

Најризични фактор групи од овој вид настинка, кои исто така треба и најмногу да внимаваат се: децата, потоа постарите од 65 години, хроничните болни, дијабетичарите, болните од хипертензија и пациентите кои примаат хемотерапија. За среќа, за само два дена можете да се ослободите од здодевната и заморувачка настинка која не ве остава на мир. Познати се сите благодети на медот и циметот, како еден од најздравите зачини. Оваа комбинација претставува најдобар лек против настинката, бидејќи делуваат антивирусно, противвоспалително. Истовремено се одлични чистачи на синусите и даваат енергија.

За овој напиток ви треба една лажица мед и две лажички цимет во прав. Во еден децилитар млака вода се мешаат добро додека не се растопи медот. Овој напиток пијте го двапати на ден, па дури и кога настинската ќе ви помине продолжете еден до два дена да го консумирате овој природен препарат.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина