Вишокот тежина и недостатокот на физичка активност, секако, ќе го скратат вашиот животен век, но што е полошо? Ново истражување покажало дека недостатокот на физичка активност предизвикува дури и двојно повеќе смртни случаи, во споредба со прекумерната тежина.

Научниците од Велика Британија спроведе студија,во кои учествувале  330 000 мажи и жени. Студијата траела околу 12 години,а во тој период истражувачите редовно го мереле  индексот на телесна маса, обемот на половината, физичката активност на учесниците и го  анализирале целокупното здравје.

Резултатите покажале дека поголем ризик од прерана смрт имаатта лица кои не се физички активни, од оние, чии индекс на телесна маса е повеќе од 30. Исто така, истражувачите откриле дека  е доволно  20 минути на ден пешачење, за ризикот од предвремена смрт се намали за 30%, независно од телесната тежина.

Физичката активност на  различни начини, има позитивен ефект врз здравјето. Таа го регулира нивото на крвниот притисок, го регулира распаѓањето на гликоза,чувствителноста на инсулини и го  регулира нивото на холестерол. Со други зборови, физичката активност позитивно ќе делува на вашето здравје, без оглед на телесната тежина.

Мажите особено треба да бидат внимателни, велат научниците. Мажите обично имаат пократок животен век и поголем обем на половина. Всушност и за тоа е важно за нив да уште во рана возраст  почнат да го  практикуваат  вежбањето секој ден.

Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.