Постојат случаи кога е многу попаметно да се користат билните препарати наместо фармацевтските лекови. Да ја земеме за пример камилицата: нејзините цветови со векови се користеле како средство за смирување и за млади и за стари, не создава зависност и повеќето луѓе добро ја поднесуваат. Клиничките истражувања покажале дека ѓумбирот ги ублажува утринските мачнини, жалфијата може да го ублажи воспалението на грлото, а чајот од хибискус може да го снижи крвниот притисок…

 

АШВАГАНДА (lat. Withania somnifera)

Корист

Тоник за подмладување, делува противвоспалително, го зајакнува имунитетот.

Подготовка и дозирање
Варете 1 лажичка од исушениот корен на ова билка во чаша вода или млеко околу 10 минути. Процедете. Пијте 1 до 2 дневно.

Ризици
Може да го поттикне прекумерното лачење на хормонот на тироидната жлезда.

БРУСНИЦА (lat. Vaccinium macrocarpon)

Корист
Деловорна е кај намалување на ризокот од настанување на инфекција на уринарниот тракт.

Подготовка и дозирање

Пијте половина шолја два пати на ден.
Ако пиете капсули, пијте 300-500 мг. два пати на ден.

Ризици
Не се познати.

ЕХИНАЦЕЈА (lat. Echinacea spp.)

Корист
Има антивирусни својства и го јакне имунитетот. Се користи за ублажување на настинки и кај инфекции на дишните патишта.

Подготовка и дозирање
Варете 1 лажичка сушен и исечкан корен во шолја вода 10 минути. Процедете. Пијте една до три шолји дневно.

Ризици

Ретки случаи на алергиски реакции.

БОЗЕЛ (lat. Sambucus nigra, S. canadensis)

Корист
Цветовите на бозелот со векови се користат како лек против треска и настинка.

Подготовка и дозирање
Прелијте 1 шолја врела вода преку 1 до 2 лажички од суви цветови. Нека отстои 10 минути. Засладете по желба и пијте го врелиот чај два до три пати на ден.

Ризици
Не се познати.

ХИБИСКУС (lat. Hibiscus sabdariffa)

Корист
Го снижува крвниот притисок и има благо диуретско дејство. Традиционално се користи за ублажување на воспаление на грло и симптоми на настинка.

Подготовка и дозирање
Прелијте 1 шолја врела вода преку до 2 лажички сув цвет. Нека отстои 10 минути. Процедете и пијте го.

Ризици

Ако страдате од висок крвен притосок, прво посоветувајте се со вашиот доктор.

БЕЛ СЛЕЗ (lat. Althaea officinalis)

Корист
Коренот и листовите се користат за воспаление на грлото и за проблеми со варењето.

Подготовка и дозирање
Прелијте 1 шолја врела вода преку 1 лажичка сушен и исечкан корен или 2 лажички сушени листови. Оставете да отстои 2 часа. Потоа процедете го и пијте го по желба.

Ризици
Пијте го чајот најмалку еден час пред да пиете лекови, бидејќи може да ја забави нивната апсорпција.

 

КОПРИВА (lat. Urtica dioica)

Корист
Свежите листови ги ублажуваат симптомите од сезонски алергии. Истражувањата покажале дека користењето на коренот од коприва може да ги ублажи симптомите на зголемена простата. Чајот се препорачува како дел од секојдневната исхрана.

Подготовка и дозирање
Прелијте 1 шолја врела вода преку 2 лажички сушени листови. Нека отстои 10 минути. Процедете и пијте 1 до 3 шолји на ден.

Ризици
Не се познати.

 

ЖАЛФИЈА (lat. Salvia officinalis)

Корист
Одлична е за воспаление на грлото, кашлица и настинка. Може да помогне и во ублажување на симптомите на менопауза.

Подготовка и дозирање
Прелијте 1 шолја врела вода преку 1 лажичка сушени листови. Нека отстои 10 минути. Процедете и пијте го или користете го за исмивање на усната шуплина.

Ризици
Не се препорачува да се користи за време на бременост.

КАНТАРИОН (lat. Hypericum perforatum)

Корист
Повеќе од 40 истражувања покажале дека е одличен при ублажување на умерена депресија, а може и да ги ублажи симптомите на ПМС и менопауза.

Подготовка и дозирање

Земете 300-600 мг. стандардизиран екстракт три пати на ден.

Ризици
Многу висок ризик за интеракција со други лекови.

ТЕМЈАН (lat. Thymus vulgaris)

Корист
Се користи за ублажување на кашлица, настинка и притисок во градите.

Подготовка и дозирање
Прелијте 1 шолја врела вода преку 1 лажица свежи листови или 1 лажичка сушени листови. Нека отстои 10 минути. Пијте третина шолја три пати на ден.

Ризици
Не се познати.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина