glina_2

 

Лековитите и благотворните својства на глината се познати многу векови наназад. Се користи како природно средство за нега на лицето и телото, но и за чистење на организмот од токсини и подигнување на имунитетот.

Се користи во лекувањето на многу болести, особено артериосклероза, анемија, респираторни заболувања, инфекции предизвикани од коли бактериите, цревни заболувања, труење, чиреви, вишок на стомачна киселина, за време на болни менструации, промени на кожата и опаѓање на косата. За глината може да се каже дека дејствува и “одвнатре и однадвор”. Со внесување на глината во организмот се зголемува отпорноста на сите отрови. Таа овозможува подобро искористување на храната, ги снабдува клетките со минерали и животна енергија.

Тоа се користи во козметиката како маска за лице во комбинација со маслиново масло, рицинус или бадем, па оваа смеса одлично ја  регенерира косата.

Луѓето во својот организам внесуваат различни индустриски преработени намирници, главно од животинско потекло, кои се полни со масти, конзерванси, вештачки адитиви и разни отрови, кои се таложат и предизвикуваат болести. Во благи случаи тоа се настинки и хронични воспаленија, а во потешки случаи настапуваат дегенеративни болести, реума, па дури и тумори.

На луѓето со покачен холестерол им се препорачува да користат глина за да го забрзаат метаболизмот и да ја зајакнат бактериската флора на цревата. Глината е активна природна материја која го ослободува телото од сите нечистотии. Дејствува таму каде што е воспалението, каде што се болните клетки, а при тоа впива, дренира, а со самото тоа и ги елиминира нечистотиите од ткивата, крвта и лимфата. Глината има толкава моќ да го прочисти организмот што на крајот личноста го губи и непријатниот мирис на потта! Зелената глина дејствува противвоспалително и антибактериски, ја регулира природната радиоактивност на телото, содржи минерални соли и олигоелементи.

За лековитите својства на глината пишувал и таткото на медицината, Хипократ, кој опишал неколку начини на кои таа може да се применува во времето на тогашните воени походи кога војниците заболувале од дизентерија, тифус, и разни инфекции,  а биле третирани со помош на пиење на раствор од глина.

Модерната медицина потврдува дека глината има лековити својства и ги поттикнува одбранбените механизми на организмот.

Глина во боја

Најважна е зелената глина, иако постои глина во црвена, жолта, сива и бела боја. Микролементите кои се наоѓаат во глината ја одредуваат нејзината боја (сина, црвена, бела, розова, жолта), не се присутни во човечкото тело или ги има во недоволни количини. Тие  многу добро се апсорбираат во кожата, или преку капење во када (глината се раствора во доза од 200 до 500 g).

Црвена глина е од голема помош при ублажување на воспалителните процеси на ‘рбетот и зглобовите; розовата глина помага при лекувањето на крвните садови (на пример артериосклероза на крвните садови на долните екстремитети); жолтата глина помага при ублажување на воспалителните процеси на атригеминус на лицето, каде што се препорачува премачкување со глина на образот, челото, брадата… Белата глина ги лечи кожните болести. Се користи во козметичките третмани на лицето и рацете (брчките исчезнуваат), сината е универзална и се препорачува за почетокот на лекувањето, а потоа се преминува на примена на други, специјализирани глини.

Купки од глина

Глината во вид на облоги и купки се користи за лекување на: хронични зглобни и вонзглобни ревматски заболувања, хронични дегенеративни заболувања на коско- зглобниот систем, рехабилитација на пост-трауматски состојби.

Како да ја користите глината за внатрешна употреба?

Глината за внатрешна употреба (за јадење, т.е. пиење) се произведува во гранули или фин прав (од нејзе мора да биде отстранет песокот) кој може да се купи во аптека или во продавници за здрава исхрана. За време на подготовката на рецептите мора да се употребува исклучиво дрвена лажица. Глината никогаш не треба да се подготвува во метални садови или да се служи со метален прибор, а еднаш искористената глина не смее да се употребува повеќе пати.

За подготовка на рецептот за прочистување една лажичка глина во прав ставете во 1,5 децилитри минерална или извриена вода, која треба да отстои во текот на ноќта.

Се пие по следниов редослед:

Прва недела: Наутро на празен стомак, испијте ја глината не машајќи ја (оставете го талогот на дното на чашата)

Втора недела: наутро на празен желудник испијте ја глинената вода која претходно сте ја помешале со дрвена лажица и сте ја оставиле малку да отстои.

Трета недела: Откако ќе го промешате растворот на глина во вода со дрвена лажичка, испијте го веднаш на празен стомак.

Првото прочистување со глина би требало да трае три недели. По пазуата од една недела, започнува второто прочистување.

Следното прочистување со глина се применува во текот на промените на годишните сезони. Временскиот период помеѓу земањето на лековите и глината мора да биде најмалју 2 часа. Не остава никакви хемиски остатоци во организмот, па затоа се смета за еколошки производ. Негативните ефекти на глината се практично непознати.

Глината во служба на убавината

Маските, облогите и пакувањата од глина ја смируваат воспалената кожа, помагаат во отстранувањето на акните, митесерите, ја спречуваат појавата на црвенило и флеки, го подобруваат формирањето на колаген и еластин, кои се важни за што подолго задржување на младешкиот и свеж изглед на кожата.

Домашни рецепти со глина :

– Помешајте 2-3 лажици глина со неколку капки сок од лимон и негазирана минерална вода се додека не добиете хомогена смеса. Во неа можете да додадете и малку маслиново или бадемово масло. Нанесете ја смесата на чисто лице и оставете ја да отстои 20-30 минути. Измијте го лицето со негазирана минерална вода и потоа нанесете хидратантна крема.

– Зелената глина го штити организмот од штетните метали кои се наталожуваат со текот на времето. Кадата за капење  наполнете ја со вода со темпратура  38ºC и додадете 3-4 лажици зелена глина во прав. Во кадата треба да останете максимум 15 минути. Оваа купка има многу благотворно делување врз целиот организам, бидејќи релаксира, го елиминира заморот и стресот, а кожата на телото станува мазна, мека и еластична.

– Во комбинација со маслиново масло, глината се користи и за регенерација на испукана и оштетена коса и против нејзиното опаѓање.

– Доколку глината во прав ја нанесете на четката за заби и ја употребите како паста, ќе ги избелите вашите заби и ќе ја зајакнете забната глеѓ и непцата.