Редовното пиење топла вода, посебно наутро на празен стомак, може да го подобри здравјето на нашето тело. Со ова се постигнува добро работење на дигестивниот систем и намалување на метаболичкиот како и јакнење на имунолошкиот систем.

 

5 причини зошто да се пие топла вода

 

Губење килограми

 

Пиењето значајни кочичини вода е многу важно за контролирање на телесната тежина, а топлата вода го потпомага овој процес. Според студијата од списанието “Journal of Natural Science, Biology, and Medicine”, дебелите жени кои пиеле многу топла вода, полесно го контролирале својот апетит, тежината и BMI (индекс на телесна маса).

 

 

Отстранување болки

 

Топлата вода го намалува отокот и чувствителноста на грлото. Таа му дава олеснување на иритираното и суво грло, а покрај тоа ја намалува и болката. Топлата вода исто така ги намалува грчевите и болката во цревата.

 

 

Го спречува прераното стареење на кожата

 

 

Чаша топла вода потпомага во исфрлањето на отровите кои се собираат во нашето тело, а воедно ги обновува и клетките на кожата оштетени од влијанието од слободните радикали. На тој начин се зголемува нејзината еластичност, тонусот и убавината, а се намалува присуството на брчките.

 

 

Ја подобрува циркулацијата

 

Топлата вода го симулира протокот на крв. Крвотокот изложен на повисока температура се забрзува одвнатре.

 

 

Овозможува редовно функционирање на цревата

 

Испиената чаша топла вода пред секое јадење ја забрзува работата на сревата. Таа исто така го олеснува и апсорбирањето на хранливи материи внесени во текот на денот.

 

 

Студената вода е штетна за вашето здравје

 

Чаша студена вода во текот на врелите жешки денови дава чувство на задоволство и помага за моментално разладување, но што всушност се случува во нашето тело?

 

  • Кога пиеме разладена вода и други напитоци, крвните садови се собираат, дигестијата значајно се забавува, а хидратацијата ја отежнува.
  • Наместо енергијата да се троши на внесената храна и апсорпцијата на хранливи материи, нашето тело троши енергија на регулирање на неговата температура, што може да доведе до губење на водатa.
  • Студената вода е поттикнувач на лачење на секретот во респираторниот тракт и евентуално забрзување на создавањето на воспалителните процеси.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина