Брзиот начин на живот доведе до тоа повеќето од нас наутро, без размислување, да свратиме на пјадок во некоја пекарница, или само ,,од нога,, да испиеме по едно кафе, јогурт или свеж сок. За жал, ниту една од овие опции нема полезно дејство врз нашиот организам. Порталот “Brajt sajd” наведува листа на 10 најлоши намирници кои можете да ги консумирате на празен стомак, како и листа на намирници кои се најпожелни да се јадат за појадок.

Најлоши намирни за консумирање на празен стомак:

Пециво од лиснато тесто. Содржи поголема количина квасец, кој предизвикува надуеност.

Слатки. Го зголемуваат нивото на инсулин во крвта, кое го оптоварува панкреасот кој ,,само што се има разбудено,,. Оваа навика со тек на време може да доведе до дијабетес.

Јогурт и други ферментирани млечни производи. Желудочната киселина ги убива сите ,,добри,, бактерии во овие намирници, што значи дека организмот нема да има голема полза од нив.

Круши. Грубите влакна во ова овошје можат да ја оштетат чувствителната слузокожа на цревата ако се консумираат на празен стомак.

Домати. Содржат голема количина танинска киселина, која ја зголемува киселоста во желудникот. Оваа навика со тек на време може да доведе до појава на чир.

Краставици и друг зелен зеленчук. Богат извор е на аминокиселини кои можат да предизвикаат надуеност и болки во желудникот.

Банани. Ако ги консумирате на празен стомак, во организмот ќе дојде до нагло зголемување на магнезиумот во крвта, што влијае негативно на здравјето на срцето и на крвните садови.
Зачини. Можат да ја оштетат слузокожата на желудникот и да предизвикаат зголемено лачење на желудочната киселина.

Засладени газирани пијалоци. Ја оштетуваат слузокожата на желудникот и го намалуваат дотокот на крв во овој орган, што влијае на забавено варење на храната.

Цитруси. Богати се со овошни киселини, кои можат да предизвикаат киселини. Оваа навика со тек на време може да го зголеми ризикот од гастритис или да доведе до настанок на чир на желудникот.

 

Намирници кои се најдобри да се јадат на празен стомак:

 

  • Овесна каша
  • Хељда
  • Палента
  • Пченични никулци
  • Производи од интегрално брашно, без квасец
  • Јајца
  • Лубеница
  • Боровинки
  • Јаткасти плодови
  • Мед
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина