Чудесен напиток
Напитокот од вода, лимон и мед има чудесни предности по здравјето на целокупниот организам. Ги ублажува симптомите на настинка и грип, го регулира апетитот, го зголемува нивото на енергија и ја поттикнува работата на дигестивниот систем.
Во еден филџан топла вода додадете сок од еден лимон и 2 лажици мед. Овој напиток пијте го сеој ден на празен желудник и многу брзо ќе забележите позитивни промени.
Ја поттикнува работата на дигестивниот систем и слабеењето
Напитокот од мед и лимон ќе ја поттикне работата на дигестивниот систем, ќе го намали ризикот од појавата на тегоби со варењето и ќе ја подобри апсорпцијата на нутритивните соединенија. Исто така ќе помогне и во отстранување на вишокот килограми.
Го намалува нивото на слободните радикали
Медот и лимонот се одличен извор на антиоксиданси, кои го намалуваат нивото на слободните радикали. Истражувањата покажале дека слободните радикали го зголемуваат ризикот од настанок на срцеви заболувања, дијабетес тип 2 и Алцхајмерова болест.
Го подобрува здравјето на кожата и подмладува
Медот и лимонот имаат моќно антивоспалително и антибактериско делување. Ќе ги ублажи акните и мозолките и ќе ја направи кожата по млада.
Го јакне имунитетот
Медот и лимонот го јакнат имунитетот и го намалуваат ризикот од настанок на грип и настинки. Истражувањата покажале дека овој напиток може да го скрати нивното времетраење.