Кога размислуваме за заминување на тренинг, често во главата ни стои мислата која храна е најдобра да се консумира тие денови и кога. Ова е прашање кое не би требало да не мачи, но кога ќе дојде до тоа сосема да се предадеме на вежбањето и работата на себе, треба да се позанимаваме со исхраната која е најпогодна во тој период. Со изгладнување нема да постигнеме ништо што имаме замислено. Два часа пред тренингот, во исхраната треба да внесеме оброк со сложени јагленохидрати, кои ќе ја ослободуваат потребната енергија за време на активноста.

По тренингот, кога мускулите се преуморни, нивото на шеќер во крвта нагло опаѓа, па тогаш и започнува разградувањето на мускулите. За да ги придвижиме повторно, треба да внесуваме месо, риба или бело месо во комбинација со, на пример, зелен зеленчук. Ова се само некои од советите до кои можете да се придржувате пред и по тренингот, за вашето вежбање да има 100% ефект.

Храна која можете да ја консумирате пред тренинг:

 

  • Банани
  • Смути со овошје, зобени снегулки и јогурт
  • Интегрални тестенини со сос од домати
  • Тост од житарки со цело зрно, со мармалад без шеќер

 

Храна која може да ја консумирате по тренинг:

 

  • Лосос со батат (сладок компир)
  • Рибја чорба со зеленчук
  • Омлет со зеленчук и авокадо
  • Пилешко на жар и зеленчук

Важно е да не јадете обилни оброци, а посебно не пред спиење. Јадете повеќе оброци дневно кои содржат храна со низок гликемиски индекс, но кои содржат доволно јагленохидрати, што ќе спречи да се чувствувате целосно исцрпени навечер.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина