Експертите тврдат дека сувите сливи го намалуваат апетитот и на тој начин го олеснуваат губењето на вишокот килограми.

Само неколку суви сливи дневно и вашето слабеење е веднаш полесно – советуваат англиските истражувачи, кои утврдиле дека ова суво овошје може да биде одличен начин на здрава исхрана и губење на вишокот килограми.

Имено, експертите од Универзитетот во Ливерпул спровеле истражување при кое ја следеле  тежината и апетитот на стотици луѓе со прекумерна тежина и луѓе со неколку вишок килограми. Сите испитаници добиле детални совети со помош на кои би можеле да ослабат, а половина од испитаниците добиле “задача” да грицкаат суви сливи секој ден.

Мажите добиле порции од 170 грама суви сливи (што е отприлика 15 парчиња), а жените 140 грама (12 парчиња). Сите испитаници изгубиле приближно иста  тежина во период од три месеци (помалку од две килограми и два и пол сентиметри околу половината), но испитаниците кои секојдневно грицкале суви сливи побрзо постигнувале резултати при крајот на траењето на истражувањето. Тие тврделе дека се чувствувале посити – што веројатно се должи на високата количина на влакна што во себе ја содржат сувите сливи.

Сувите сливи се познати по тоа што помагаат кај дигестивните нарушувања , односно во случајот на опсипација или запек. Исто така, експертите ги советуваат луѓето кои сакаат да изгубат на тежина да консумираат најмногу 30 грама суви сливи дневно, бидејќи тие се богати со шеќери, но се чини дека ни ова не им пречело на овие испитаници:

“Ефектот на намалување на апетитот кој го предизвикуваат сувите сливи е далеку поголем од било каква штета која настанува заради количината на шеќери. На сличен начин е корисно и другото сушено овошје, како што е сувото грозје”, објаснува Џејсон Халфорд, кој работел на оваа  студија.

“Еден од најголемите проблеми што се појавуваат кога држите диети е тоа што чувствувате глад. Ова не мора нужно да значи дека сувите сливи се новото чудотворно решение за губење на тежината, но она што е извесно е дека тие нема да ги уништат резултатите од држењето на вашата диета”, заклучува Халфорд.

Доколку сакате посилни коски, јадете повеќе суви сливи, тврдат американските истражувачи. Според нивното мислење, сувите сливи се “исклучителни” за здравјето на коските. Со намалување на нивоата на ЛДЛ-холестеролот, сувите сливи може да го намалат ризикот од  болести на срцевите артерии и инфаркт. Со поттикнување на подобро варење и намалување на концентрацијата на литохолната киселина, сувите сливи може да помогнат во спречувањето на рак на дебелото црево.

Нашиот совет за идеален меѓуоброк е една чинија јогурт, две лажици овесни снегулки, една лажичка цимет, неколку ореви и неколку суви сливи и брусници!