Фоликулитус е често кожено заболување и под него се подразбира воспаление на фоликулите на влакната. Најчест причинител за тоа е бактериската или габичната инфекција која ја предизвикува Staphylococcus aureus. На почеток можат да се појават како мали, одделни мозолки на самиот корен од влакното, за подоцна да се прошират на целата површина, формирајќи крастав осип, проследен со чешање.

Симптомите можат да се манифестираат во насобрани мали, црвени или бели мозолки околу самиот корен на влакното, гнојни мозолки кои сами се дренираат и настануваат красти со црвена боја, кои чешаат и болат.

Факторите на ризик за настанок се бричењето и повредите за време на бричење, топлината и потењето, користењето синтетски материјали, одредени лекови, дебелина, претходни кожни заболувања (акни и дерматитис) и повреди на кожата. Фоликулите можат да се појават насекаде по телото, но најгусти се на темето, а ги нема на дланките, табаните, усните и слузниците.

folikulitis12

Лекувањето зависи од типот на фоликулите. Добро избраната терапија доведува до подобрување, но инфекцијата може да се врати. Од лекови можат да се користат антибиотици, антимикотична терапија и терапија со стероиди.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина