Зошто некои луѓе зборуваат во сон?
Според најновата француска студија, можеби и најголема која е извршена на оваа тема, луѓето кои зборуваат во сон воглавно пцујат и се расправаат со некого.
Зборувањето во сон или сомниколоквијата е една од бројните парасомнии, нарушувања во спиењето, во кое спаѓаат и месечарењето и ноќните стравови.
– Според моето искуство, сомнилоквијата може да се поврзе со претерана симулација на нервниот систем, што може да биде последица од претерана употреба на паметни уреди пред спиење, како и претерано консумирање на кофеин -вели доктор Нерина Рамлакан, терапевт за сништа од Велика Британија.
– Меѓутоа, таквото однесување се јавува кај луѓе кои се перфекционисти, но кои честопати обегнуваат да го кажат она што го мислат. Кога ќе си легнат, зборовите се појавуваат во сонот.
Идејата дека можете да ги откриете најдлабоките тајни на некого додека спиете е примамливо. Дури постои и апликација којашто го забележува зборувањето во сон, но дали некој може да признае убиство во сон? Или дека има љубовник/љубовница?
Професор Џим Хорн, поранешен директот на Центарот за истражување на спиењето на универзитетот Луборо, објаснува дека зборувањето во сон се јавува за време на ,,лесен,, сон.
– Од лесен сон тонете во длабок и по 70 – 90 минути влегувате во период на сонување, кој се повторува на секои 90 минути – вели тој. – Зборувањето во сон не е поврзано со сонувањето, туку со лесниот сон, во кои мислите се раштркани насекаде и талкаат. Тоа се навистина безначајни мрморења на збунетиот ум.
Зборувањето во сон почесто се јавува кај децата, а повеќето луѓе го надраснуваат, иако постои наследен фактор за оваа појава.
– Анкциозноста и стресот можат повторно да побудат зборување во сон – вели Хорн. – Оние кои зборуваат во сон обично рефлектираат некој аспект на загриженост. Мислам дека зборовите на некој кој зборува во сон не треба сериозно да се сфаќаат.
Сепак, зборувањето во сон сигурно кажува една важна работа. Некој кој упорно го прави тоа веројатно е анкциозен и можеби би било подобро да открие што е тоа што го загрижува.