Постојат многу лоши навики кои секојдневно ги правиме. За повеќето не сме ни свесни. Еве кое од нив.

1. Ноктите можат да отпаднат поради грицкање

 

Грицкањето нокти и кожичката околу нив може да предизвика инфекција, а најчеста од нив е паронихијата – инфекција на кожата која може да се појави на само еден нокт, но и на сите. Исто така, прстите можат да станат црвени, отечени и болни на допир, додека во екстремни случаи може да се појави и гној околу ноктите – објаснил водичот на козметичкото и клиничко истражување во дерматологијата во болницата Маунт Синај, Џошуа Зајхнер.

 

Зајхнер истакнува дека тоа не е само лоша навика, туку со тек на време човек може целосно да остане без нокти. Хроничната паронихија може да ја уништи тенката кожичка околу ноктите и одделување на ноктите од прстите.

2. Чкртањето со забите може да ги сруши

 

Чкртањето со забите може да резултира си кршење на забите, испаѓање на пломбите, па дури и на порцеланските круниистакнува доктор Марк Бурхен. Некои од моите пациенти дури и јазикот си го имаа исечено на делчињата од скршените заби.

 

Во екстремни случаи чкртањето со забите може да води со натечени жлезди и болки во вратот, грбот и увото.

3. Стискањето мозолчиња може да предизвика инфекција

 

Акните понекогаш тешко се лекуваат, но стискањето мозолки и постојаното допирање на акните со раце може само да ја влоши ситуацијата – рекол доктор Зајхнер.

 

Ако ги стискате мозолките со долги и валкани нокти, кожата може да се надрзани и инфицираНастанатото воспаление може само дополнително да ја влоши состојбата на кожата. Тоа резултира со воспаление на поткожното ткиво, односно со целулитис, што бара бара професионална интервенција – објаснил Зајхнер.

 

4. Со чепкање на носот ризикуваме да внесеме бактерии

 

Кога детето го чепка носот, возрасните тоа го сметаат за дел од растењето, но кај возрасните оваа грда навика може да биде и тоа како опасна.

 

Чепкањето на носот со раце значи внесување нечистотии и бактерии, а можни се и гребаници, на кои бактериите ќе се населатИсто така, во носот има артерии кои лесно можат да се изгребаат. Тоа резултира со крварење – појаснил оториноларингологот Ерих П. Војт.

 

Освен тоа, чепкањето на носот може да предизвика дупка во назалниот септум и перфорација на септумот.

 

5. Босоного одење по теретана

 

Дури 32% од жените оделе боси во теретана – открило истражувањето кое го спровело американското списание Today.

 

Дури и ако не ги загрижува дали ќе се лизнат и ќе паднат, сите кои го прават тоа мора да знаат дека влажните и топли простори се идеално место за развој на бактерии и габи, а можно е и развивање на атлетско стапало и на брадавици – објаснил доктор Били Голдберг. – Ако нозете ви останат влажни, инфекцијата може многу лесно да се прошири.

 

6. Валканиот мобилен телефон може да води до воспаленија

 

Ако ретко се сеќавате да го исчистите екранот на мобилниот телефон, ризикувате да се појават акни и разни инфекции на лицето – рекол доктор Зајхнер.

 

Истражувањата покажале дека екранитена мобилните телефони знаат да бидат повалкани од јавните тоалети.

Реткото чистење на обилниот телефон значи дека валканиците, бактериите и потта останува на екранот. Со оглед на тоа што во текот на денот повеќе пати го држиме на лицето, на тој начин ризикуваме акни, воспаленија и инфекции.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина