Постојат многу нешта за кои жените не зборуваат откако ќе се породат, а една од нив е и менструацијата. Како што се менуваат многу нешта приремено по раѓањето дете, така и таа се менува. Како по некое општо правило, менструалните периоди се слични со шемата пред забременувањето.

 

Започнувањтето на менструалниот циклус по породувањето зависи првично од падот на хормонот пролактин по породувањето. Тој ја блокира овулацијата, па се додека неговите нивоа се високи, менструалниот циклус може да доцни.

 

Дали може да се има менструација за време на бременост?

 

За време на бременост менструацијата треба да престане. Сепак, 25% од жените искусуваат некаков вид на вагинално крварење или црвени точки во раната фаза од бременоста.

 

Зошто некои жени крварат за време на бременост?

За време на 13 недели од бременоста, чести причини за крварењето се крварење од грлото на матката, ризик од пометнување или спонтан абортус.

 

Кога треба да дојде менструацијата по породувањето?

Ако доите, менструацијата може да доцни додека не престанете да доите, или ако не доите, овој период е шест месеци по породувањето поради високото ниво на хормонот пролактин во телото.

Што ако воопшто не доите?

Мајките кои не дојат треба да очекуваат за 4-8 недели по породувањето да добијат менструација, иако тие нема да бидат веднаш редовни.

 

Што ако не се врати менструацијата?

Општо кажано, менструацијата треба да се врати набрзо во нормала по породувањето, но ако не ја добиете во период од три месеци откако ќе се породите, треба да посетите гинеколог.

 

Можно е се уште да овулирате додека доите

Доењето не е одлична форма на контрацепција. Ако имате сексуален однос додека доите, треба да користите алтернативни методи за контрола на зачнувањето за да одбегнете несакана бременост.

 

Кога реба да се оди на доктор?

Крварењето кое настапило по 6 недели по породувањето е знак за компликации во бременоста. Ако забележите светлоцрвена крв која се влошува и засилува и ако во неа има големи грутки засиреан крв (големи од топче за голф) треба веднаш да појдете на доктор.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина