Алергија, астма, бронхитис и други болести на дишните патишта станаа дел од нашето секојдневие, а истите се поврзани со градскиот начин на живеење. Спелеотерапијата (грч. speleos = пештера) е метод кој се базира на дозиран престој на пациентот во посебно одбрани пештери, а служи како терапија за хронични и алергиски респираторни нарушувања. Покрај пријатната и релаксирачка темнина, природните подземни простори нудат чист воздух, без алергени и виновници за болестите, без озон и со висока концентрација на јони. Позитивните ефекти од престојот во пештери биле забележени уште во античко време. Во модерна смисла, спелеотерапијата почнала да се применува во педесеттите години од минатиот век во Германија. Денес, во голем број земји ширум светот постојат центри за спелеологија.

Оваа терапија изгледа отприлика вака – пациентите повеќе пати дневно во текот на неколку недели престојуваат во пештера по неколку часа, а за време на овој престој можат да мируваат, да се движат или да изведуваат разни вежби на дишење. Иако делува како многу едноставно, клиничките движења докажале дека спелеотерапијата има позитивни ефекти врз функционирањето на белите дробови за време на престојот во пештера, но и по излегувањето од неа.

Проучувањето на влијанието на престојот во пештера врз здравјето на човекот е навистина сложено поради низата медицински, геолошки, физиклани и други параметри кои го карактеризираат. Три главни позитивни влијанија од пештерите се: чистиот воздух со аеросоли (присутност а честички сол во воздухот), потоа специфичните климатски услови (постојана пониска температура и висока влажност) и природна радиоактивност (поради присуството на гасот радон). На пример, површинскиот воздух во близина на пештерата Землохеги, која се наоѓа покрај Будимпешта, Унгарија, е многу загаден, но со испитувања било утврдено дека воздухот во самата пештера е сосема чист и без никакви штетни материи во него.

Анализата на аеросолот од пештерскиот воздух со помош на рендгенски зраци покажала присутност да калциум, калиум, магнезиум, бакар, цинк, хром и други скапоцени елементи. Од оваа причина речиси во секој град во поново време се отвораат т.н. ,,солени соби,, за лекување со халотерапија. За разлика од спалеотерапијата, која подразбира природни подземни простории, халотерапијата корисити посебна технологија за да се создаде микроклима на пештера.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина