Јапонската древна медицина вели дека секој прст е поврзан со одреден орган во телото и подобрувањето на работата на тој орган и отстранувањето на некои вообичаени здравствени болки, како главоболки и запек, може да делува преку одреден прст.

Поради тоа што секој прст од нашата рака е поврзан со некој орган и одредена физичка болка, за да се острани таа болка, треба да се трие тој одреден прст и многу брзо симптомите ќе се отстранат или ублажат, па дури и да исчезнат. Доволни се само 60 секунди триење за да се почувствува промената кон подобро.

Еве кои прст мора да се трие со оглед на тоа кој здравствен проблем ве измачува:

1. Палецот е поврзан со срцето и белите дробови. Масирајте го овој прст коа ќе почувствувате дека срцето ви чука пресилно или кога ќе се задишете, па останувате без воздух.

2. Показалецот е поврзан со бубрезите и мочниот меур. Масирајте го овој прст кога имате пролив или запек. Масирајте го и во случај ако имате проблем со слезината и желудникот.

3. Средниот прст е поврзан со жолчната ќеса и црниот дроб. Масирајте го овој прст кога ве мачи несоница, мигрена или кога за време на вожња ве фатат мачнини.

4. Домалиот прст е поврзан со дебелото црево. Масирајте го овој прст ако ве мачи главоболка, мигрена и здрвеност и болки во вратот, што може да биде последица од слаба циркулација.

5. Малиот прст е поврзан со тенкото црево. Масирајте го овој прст кога чувствувате тешкотии и нервоза.

Дополнителен совет:
 На нашите дланки се наоѓаат многу нерви, па доколку сакате да го подобрите своето здравје, едноставно – плеснете со рацете.

Тагови: показалец
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина