Општо познато е дека медот е една од најздравите намирници во светот. Се вели дека здравјето доаѓа од стомакот, па секојдневното консумирање мед е најдобриот начин за во целост да ги искористите сите негови добри страни. На медот посебно може да му се радуваат оние кои имаат проблеми со лошото варење. Поточно, со запек. Една едноставна напивка со мед, која мора да се консумира секое утро на празен стомак, ќе го поттикне бавното варење.

Состојки:

– 2 дл. млака вода

– 1 полна чаена лажичка мед

Подготовка: Добро измешајте ги медот и водата, почекајте тој да се стопи целосно и потоа испијте ја напивката. Водата мора да биде млака и никако врела, бидејќи високата температура ги уништува сите хранливи и благотворни состојки од медот.

Како водата со мед делува на варењето

  1. Го олеснува протокот на храна во системот за варење т. е. од тенкото во дебелото црево.
  2. Ги неутралиизра гасовите кои се произведуваат во системот за варење.
  3. Го смирува желудникот. Истражувањата имаат покажано дека помага и при лекување на чир на желудникот или бактериски гастроентеритис.
  4.  Го детоксифицира организмот, односно помага во исфрлањето на токсините.
  5.  Со додавање сок од лимон станува сојузник во слабеењето.
  6.  Делува антибактериски. ‘Сировиотмед е полн со ензими, витамини и минерали, кои се борат против штетните бактерии.
  7.  Олеснува алергиски состојби со тоа што му помага на телото да се аклиматизирана полен и така ја намалува чувствителноста на околината.
  8.  Како природен антиоксиданс, ја чисти кожата.
  9.  Го регулира нивото на шеќер во крвта.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина