Xерпес-симптоми и лекување
Ширењето на инфекциите по лицето, по појавата на херпес на усните, не е ретка појава ако ,,треската,, не се третира правилно. Кога лекувањето е неадекватно, меурите се допираат со раце или болниот се обидува херпесот да го прекрие со шминка, а тоа може да доведе до влошување на состојбата и ширење на инфекцијата на лицето, ушите и носот.
Постојат два типа на херпес, при што вирусот тип 1 (HSV-1) е одговорен за појавата на лабијален херпес на усните. Тоа е збир од непријатни меури, кои по некое време се претвораат во красти. Карактеристилен симптом е чешање, болка, пецкање на загрозното место, по што се појавуваат меури.
Бројот на меури и нивното ширење зависи од јачината на инфекцијата. Неколку дена подоцна, меурите на усната почнуваат да пукаат и се формира краста. Најдобро е меурот да не се фаќа со раце, бидејќи на тој начин инфекцијата може да се пренесе на околните делови од лицето.
Вирусот на херпесот се наоѓа во течноста која ги исполнува меурите на кожата и се пренесува преку директен контакт. Во акутна фаза, додека меурите не се исушат, заразениот може да го пренесе вирусот на други делови од кожата (очи, нос уши…).
Кога ќе се појави пецкање, најзбро што може треба да се започне со примена на антивирусна терапија, која има ефект и делува само во првите три дена по појава на првите тегоби. Потоа се припишуваат други видови лекови, иако лекарски преглед во секој случај е неопходен.