Stevia rebaudiana е грмовидно зелјесто растение кое потекнува од Јужна Америка, а му припаѓа на семејството Asteraceae. Во Јужна Америка се користи 1500 години како природен и здрав засладувач. Поради нејзиниот сладок вкус, јужноамериканските домородци го нарекле ,,лист сладок мед,, а го користеле за засладување на храна и пијалоци и за лекување рани, шеќерна болест и висок крвен притисок. Се верува дека ова растение во иднина ќе стане совршена замена за рафинираниот шеќер, а со тоа и незаобиколен дел од прехранбената индустрија. И, тоа со причина, стевиата е за 40 пати послатка од шеќерот, додека нејзиниот екстракт е посладок од шеќерот за дури 300 пати.

 

Денес, стевиата се одгледува во Јапонија, Кина, Кенија, Виетнам, Индија, Аргентина, Колумбија, Тајланд, Парагвај и Бразил. Постојано е под надзор поради притисокот од индустријата за производство на вештачки засладувачи и настојувањето да го оддржи монополот на светскиот пазар. Така, долга низа години, и покрај позитивните резултати на многу истражувања, примената на стевиата и нејзината најзначајна состојка, стевиозид, била строго забранета. Дури во 2008 година американската Агенција за храна и лекови (ФДА) го има прогласено овој гликозид за безбеен за употреба, а во 2011 година Европската агенција за безбедност на храната (ЕФСА) го ја има одобрено ознаката засладувач.

Здравствени придобивки на стевиата

 

Иако е долгогодишно растение, сепак стевиата најчесто се одгледува како едногодишно растение, поради тоа што не е отпорно на ниски температури и мразеви. Го красат убави, зелени, лесно заоблени листови, долги по 5 см, кои се всушност примарната причина за нејзиното култивирање и во кои се крие најголемиот потенцијал на ова растение. Тие во својот состав содржат осум видови гликозиди, од кои најзначајни сестевиозидите и ребаудиозидите.

Освен гликозиди, ова растение содржи и мноштво дрги важни нутритиенти, како витамините А, Б и Ц, од минералите – калиум, калциум, магнезиум, железо, цинк и хром и полифеноли, танини и етерични масла. Стевиата е најдобриот извор на природен шеќер за сите оние кои не смеат или не сакаат да консумираат рафиниран шеќер. Погодна е за оние кои сакаат да ослабнат, за дијабетичарите и оние кои се на анти-кандида диета, болни од карцином и од други болести во кои е важно да се ограничи консумирањето на рафинираниот шеќер.

 

Важно е да се нагласи дека нејзината примена нема забележано никакви штетни нус-појави, како што е тоа случај со вештачките засладувачи. Благодарение на својот состав, ова скромно растение е погодно за превенција и ублажување на бројни здравствени проблеми.

 

Помош кај дијабетес

 

Истражувањата имаат покажано дека стевиата има способност да го стабилиизра нивото на шеќер во крвта. Гликемискиот индекс на ова растение е еднаков на нула, што значи дека не го подига нивото на гликоза во крвта, односно овозможува нејзино константно ниво, што е од голема важност за болните од дијабетес тип 2.

 

Гликозидите во листовите на стевиата, за разлика од други извори на јагленохидрати, не се разградуваат и не се ,,складираат,, во човековиот организам, што е важен фактор во регулацијата на шеќерот во крвта. Студиите имаат потврдено дека пиењето чај од листови на стевиа или чај од екстракт на стевиа два до три пати дневно во значителна мера помага при хипергликемија.

 

Ефикасно кај кожни проблеми

 

Потврдени се антиоксидантните, антибактериските и антисептичните ефекти на стевиата, а со тоа и нејзината ефикасност во борбата и ублажувањето на разни кожни проблеми. Помага кај егземи, акни, осип, чешање, испукана и сува кожа и кај лузни. Ја храни и влажни кожата, ги мазни брчките и ги превенира предвремените знаци на стареење на кожата.

Концентратот од стевиа може да се користи како маска за лице. Нанесете го на кожата, оставете го да делува околу 20 минути, а потоа измијте го лицето. Исто така, во кремите за лице кои веќе ги користите можете да додадете неколку капки екстракт од стевиа. Така ќе ја збогатите кремата со хранливи состојки и ќе и подарите на кожата здравје, убавина и сјај.

Стевиата се има покажано и како средство за нега на косата – помага против перут, сува и оштетена коса. Измешајте 3-4 капки стевиа во својот шампон и измијте ја косата на вообичаениот начин.
 

Спречува кариес и воспаление на непцата

 

Стевиата не може да биде подлога за развој и раст на бактерии, па затоа е одлична за превенција на кариесот. Нејзините антибактериски својства се одлични и во борбата со гингивитисот и другите болести на усната шуплина и на непцата. За оддржување на оралното здравје можете да ја користите во облик на течност. Додајте 6-7 капки стевиа во шолја со млака вода и со оваа течност измијте ги усната шуплина и грлото. Можете да ја додадете во пастата за заби и со неа повремено да ги четкате забите.

 

Ги ублажува гастроинтестиналните проблеми

 

Чајот од стевиа со векови се користи за елиминирање на проблеми со варењето и за смирување на желудникот. Ефикасен е и за ублажување на желудочни киселини и болки во стомакот. Листовите од стевиа содржи калиум, цинк, магнезиум и витамин Б3, како и значителен процент на влакна, кои помагаат во спречување на запек и за подобрување на варењето. Исто така, тие содржат многу железо, па може да биде од помош за оние кои патат од анемија.

Пиењето чај од стевиа по оброк делува одлично на евентуални теоби, а што е многу важно, без штетни нус-појави.

 

Помага во намалување на телесната тежина

 

Многубројни истражувања потврдиле дека стевиата ефикасно помага во конролата на телесната тежина. Иако има многу сладок и богат вкус, стевиата воопшто не содржи калории. Освен што е бескалорична, таа ја подига енергијата, што е од голема важност за оние кои се на диета.

 

Други полезности од стевиата:

 

  • го јакне имунолошкиот систем
  • помага во борбата потив бактерии и микроби
  • спречува развој на кандида
  • помага кај дијабетес тип 2
  • ја подига енергијата
  • ги јакне менталните способности
  • поттикнува детоксикација
  • го намалува високиот крвен притисок
  • ги намалува маснотиите во крвта
  • го забавува развојот на остеопорозата
  • помага кај зависност

 

Екстрактот од стевиа и неговата примена

 

  • Со откривање на стевиата, нејзините листови првично се употребувало свежо или во сушен облик.
  • Денес најчесто се користи екстрактот од стевиа, поради тоа што во повеќето земји е и единствениот дозволен облик за примена во комерцијални цели.
  • Екстрактот се добива така што иситнети, суви листови, се потопуваат во вода, а потоа следува изделување и прочистување на екстрактот.
  • По постапката на екстракција и прочистување, гликозидите се молекуларно еднакви со оние во листовите, но екстрактот има многу посличен со оној на шеќерот отколку што го има сировите и исушени листови.
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина