Една студија покажала дека веганската исхрана генерално содржи помалку холестерол и повеќе диетални влакна, магнезиум, фолна киселина и антиоксиданси. Ако сте веган, поголема е веројатноста дека ќе имате понизок крвен притисок и помал ризик од срцеви болести. Звучи примамливо, нели? Точно е дека овие бенефити се привлечни, но одвикнувањето од плескавиците и омлетите не е лесна задача – ниту одлука која треба лесно да се донесе. Доколку размислувате за тоа, ова се трите прашања кои треба да си ги поставите на себе пред да започнете.

1. Дали земате витамини?

Да, јадењата без месо обично се јадења богати со витамини. Но, веганите можат да бидат во опасност од недостаток на некои витамини. Особено, треба да го надоместат витаминот Б12, бидејќи него претежно го има во производите од животинско потекло. Потоа, треба посебно да внимаваат и да го следат внесувањето на витаминот Д, калциумот, омега-3 масните киселини, железото и цинкот во нивниот организам, и по потреба да користат суплементи. Доколку не сакате да земате апчиња, тогаш можеби повеќе ќе ви годи вегетаријанството, бидејќи тука можете да јадете млечни производи, јајца и риба. Можеби целта ви е Песко-вегетаријанството, веган исхраната која ја вклучува рибата? Бидејќи рибите изобилуваат со омега – 3 масни киселини, витамин Д, цинк, железо и други витамини и минерали, тие се одлична опција ако сакате малку да си го олесните на себе овој пат кон проментаа.

2. Дали ги планирате оброците?

Организирањето е најдобриот пријател на веганите. Со внимателно планирање, веган исхраната може да ги задоволи сите ваши потреби за хранливи материи. Секако, акцентот е ставен на планирањето. Само затоа што исхраната ви се темели на растителни продукти, не значи дека автоматски е и здрава. Можно е да јадете веганска храна која е преработена, полна со натриум и со многу шеќери – како што е чипсот илии други замрзнати оброци. Веганите треба да направат свесен напор за да ја внесуваат вистинската количина на хранливи материи и да прават такви комбинации на храните, кои ќе бидат здрави и без дефицит на нутритиенти, што лесно може да се случи. Тоа значи однапред планирање на оброците и да се биди свесен за количината на нутритиенти која се внесува секој ден. Веганите исто така ќе мора повеќе да размислат пред да порачаат храна во ресторан. Најдобро е да се консултирате со келнерот и така да најдете најдобро решение за вашиот оброк. Ако не сте планер, а желба вие е да станете веган, пробајте прво. Од каде да знаете, можеби ќе ви се допадне и ќе одлучите да продолжите.

3. Дали тренирате?

Оние кои внесуваат доволни количини протеини и кои вежбаат, можат да се исплашат веганството да не им попречи во нивното напредување во теретаната. Всушност, протеин е она што му помага на вашето тело да изгради мускули и да закрепне. Затоа, не грижете се. Како прво, веганите можат да добиваат доволно проеини од гравот, леќата, тофу сирењето, оревите и киноата, како здрави опции полни со протеини. Сепак, сериозните спортисти често одат кај нутриционист за да им помогне во планирањето на оброците.

4. Дали сте подготвени да се прогласите за веган?

Вашиот нов начин на живот не мора да започне во еден ден. Прво започнете со проценка на вашите моментални јадења и што можете да промените во нив за тие да станат вегански. Потоа, еден ден во неделата нека ви биде целосно вегански, а потоа постепено зголемувајте ги деновите. Ако сте доволно упорни, наскоро овој нов начин на исхрана може да ви стане секојдневие.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина