Идеа за летна вечера – рецепт за салата со тофу сирење, домати и рукола која се подготвува за 5 минути
При високи летни температури, тешката храна е паметно да ја замените со лесни освежувачки салати, а за оброкот да содржи доволно протеини, во продолжение предлагаме салата со тофу сирење за чија подготовка е потребно да издвоите време од само 5 минути.
Тофу сирење: намирница богата со протеини
Тофу сирењето е намирница која традиционално се користи на Далечниот Исток (Кина, Индија, Јапонија), а заради нејзиниот богат хранлив состав се повеќе оваа намирница се користи и на Запад. Свежото тофу сирење се произведува директно од соино млеко и поминува процедура на мелење, варење и коагулација, додека обработеното тофу сирење (чадено тофу сирење, тофу намази …) се добиваат со обработка на свежото тофу сирење.
Оваа нискокалорична намирница претставува богат извор на протеини, во 100 g. Тофу сирење се содржат 72 Kcal, од кои 8% протеини, 2 % јаглехидрати и 4% масти. Исто така, тофу сирењето е добар извор на витамин Б, калциум и железо. Предноста на тофу сирењето е тоа што добро ги апсорбира аромите, кога на пример, се маринира или се подготвени со разни сосови.
Освен вегетаријанците, во исхраната го користат и сите оние кои се грижат за здравјето, бидејќи го зајакнува срцето, го намалува ризикот од појава на рак и превентивно дејствува за спречување на кардиоваскуларни болести, висок крвен притисок и остеопороза.
Рецепт за салата со тофу сирење, домати и рукола
Потребни состојки ( за една порција):
- свежо тофу сирење 70-100 g
- домашен патлиџан со нормална големина
- рукола
- малку сусам
- Балсамико оцет
- маслиново масло
- Тамари сос
Начин на подготовка ( предидено време- 5 минути):
Претходно исечканите коцкички тофу сирење, маринирани со Тамари сос, испржете ги во тава без масло, по една минута од секоја страна. Потоа ставете ги во сад во кој претходно сте исечкале измиена свежа рукола, како и парчиња домати. Салатата зачинета ја со неколку капки Балсамико оцет и маслиново масло, па наросете со малку сусам. Сите состојки уредно промешајте ги.
Наместо руколата која дава по малку горчлив вкус, на овој рецепт може да му додадете било која салата по ваш вкус, па да ја подготвите за вечера или ужина, во зависност од дневниот распоред и вашите потреби.
Бон апетит! 🙂



