Кинезите некогаш од глогот правеле ферментиран пијалок, а негови остатоци се пронајдени во лончиња стари 9000 години. Се смета дека уште тогаш бил значаен во религијата. Со него се поврзани и многу други верувања, дури и митови како што е оној за вампирите. Во тоа време глогот растел во Европа, Азија, Северна Америка и Медитеранот, додека денес е раширен низ цел свет. Познат е уште и под името бел трн, глоговец, остар трн и мечкина круша.

 

Лек за срце

 

Глогот содржи активни материи со антиоксидативно делување. Во неговите цветови, покрај етерично масло, има триметиламин и гликозид оксиакантин, додека во плодовите има танин, сапонин, гликозиди, фруктоза, калиум, калциум, натриум и соли на фосфорната киселина.

По сврстување на тинктурата од свежи плодови глог во хомеопатската книга на Вилмар Швабо, тој станал популарно растение и предмет на многу истражувања. Тие потврдиле дека глогот е скапоцен лек за срцето. Меѓу охрабрувачките заклучоци е и оној дека глогот го спречува порастот на појавата на инфаркт.

Сите кои имаат проблеми со превисок притисок, сакаат да се заштитат од опасноста од висок холестерол и затнување на крвните артерии, но и оние кои патат од срцеви крици, можат со целосна доверба да се лекуваат со глогот.

Ова растение нашироко се користи за оддржување на здравјето на крвниот систем, при висок притисок, слабеење на срцевиот мускул и срцева аритмија. Прифатен е како сигурен и ефикасен третман кај раните фази на срцеви болести и како ефикасна терапија кај веќе напреднати фази. Се препорачува по срцев удар, поради тоа што ја зголемува циркулацијата на коронарните крвни садови.

 

Други примени на глогот

 

Глогот е едно од растенијата со најсилно смирувачко дејство. Помага при замор, недостиг на енергија, лош сон, тешко дишење, вртоглавица, срцебиење, нервоза и шум во ушите. Одличен е и во менопаузата. Може да се користи како помош за слабеење, бидејќи го поттикнува исфрлањето на вишокот вода од организмот. Ова својство го прави корисен и кај целулит, едем и болести на зглобовите. Глогот го јакне сврзното ткиво на зглобовите, а поради своите антивоспалителни делувања се советува да се користи кај улцеративен колитис и проблеми со варењето. Штити од делување на слободните радикали и ги спречува болестите на крвните садови како артериосклерозата.

Бројни студии за глогот утврдиле дека тој е безбедно и добро подносливо растение. Но, не им се препорачува на трудниците и доилките.

За лекување најчесто се користта два вида глог  црвен и помалку познатиот бел глог. Глогот расте покрај патиштата, шумите и ливадите, а карактеристичен е по трњето и трокраките и петокраките листови. Кората од глог се собира во пролет, кога има сокови, и се користи исушена или свежа. Цветовите, по можност бели, се берат кога се пупки или непосредно пред да процветаат. Плодовите, пак, се берат во есен, кога се силно црвени.

Времето за берење на цветовите е помеѓу април и мај. Тие се сушат во лад во тенки слоеви.

 

Помош при инфаркт

 

Состојки: 240 мл. сируп од глог, 30 мл. тинктура од корен на ѓумбир, 30 мл. тинктура од кактус, Selenicereus grandiflora, 30 мл. тинктура од мелена црвена пиперка.

Подготовка: Шише од половина литар наполнете го до половина со глогов сируп. Во одделен сад измешајте ги тинктурите и потоа додадете ги во сирупот. Добро измешајте. Пијте по една лажица, 3 до 8 пати дневно.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина