Одржувањето здрав живот е одржување на баланс, поставување на работни цели и, она што е најважно, добра забава. Со ова на ум можете да постигнете се и да се избалансирате.

Трчањето на лента во недоглед не значи дека ќе постигнете цел

Лентата за трчање може да биде одлична кога надвор е лошо времето. Но, кога времето е убаво, треба да излезете во природа. Ако лошото време трае подолго, тогаш искористете го Интернетот за да тренирате и да ја претворите својата соба во теретана и во вистинска забава. Клучот за успех е да останете мотивирани, да се забавите и да ги мешате тренинзите. Надвор,пак, можете да направите добар тренинг, без да одите во скапи теретани.

Ако правите чучнувања секој ден, ќе ослабнете

Чучнувањата се основа на секој тренинг, но се фокусираат на мал дел од вашиот стомак. Ако сакате да ги отстраните тие неколку вишок сантиметри, ќе мора да тренирате напорно. Кревањето тегови се поефикасни од чучнувањата. Ако салото ви се таложи на стомакот, мора да започнете со испланиран режим на исхрана. Исфрлете го шеќерот, а воведете протеини во секојдневната исхрана.

Колку повеќе се потите, толку повеќе ќе слабеете

Тренинг исполнет со потење не може да ве направи послаби за еден ден. Колку ќе се потите зависи од телесната подготвеност на телото, гените и температурата на просторијата во која тренирате. Потта не значи дека тренингот ви е напорен. Тоа е начин на кој телото ви се лади за да ја регулира температурата. Многу жени велат дека гледаат напредок откако тренирале во тенка облека и облека наменета за поголемо потење. Но, тежината која тие ја загубиле не е сало, туку вода. Форсирањето на телото на дехидрирање може да биде опасно. А и водата која ќе ја исфрлите ќе ја вратите кога повторно ќе внесете нова количина вода. Колку ви е тренингот поинтензивен, толку повеќе килограми ќе согорите и толку повеќе сало ќе загубите, но тоа нема да се случи поради потењето.

Без болка нема напредок

Ако не можете да одите нормално после тренинг или не можете да седнете, тоа значи дека сте претерале. Вкочанетоста е хемиска реакција на воспаление и не е индикатор дека мускулите растат. Единствено што може да го измери вашето постигнување е резултатот. Судете за вашиот тренинг врз основа на она што се случува додека тренирате, а не врз основа на болката и воспаленијата.

Јагленохидратите не смеат да се консумираат по шест часот попладне

Јагленохидратите отсекогаш биле главни виновници за масните наслаги. Погрешната перцепција дека обилните оброци навечер се причината поради која се дебелееме, доведе до големи заблуди. Причината за таложење на килограмите е таа што не сте доволно активни. Ако сакате да ослабнете, морате во се да барате баланс. Претерувањето со храната и недоволното тренирање се виновни за несаканите килограми, а не јагленохидратите. Тие ни се потребни за да може мозокот да работи подобро и за да имаме дополнителен извор на енергија.

 

stapici2

Здраво е затоа што не содржи глутен

Летото е идеален период за излети, па немојте да се залажувате со глутенот. Јадете здраво и уживајте во наградата која доаѓа за време на викенд. Диетите без глутен се илузија. Доколку нешто не содржи глутен, не значи и дека е здраво. Секако, ако имате помала толеранција кон глутен, морате да внимавате што внесувате.

Треба да правите чучнувања само под прав агол

Колку ниско можете да се спуштите? Сето тоа зависи од флексибилноста, балансот и доброто чувство. Ако сакате да направите чучнување под колената, направете го! Тоа уште повеќе ќе го затегне задниот дел на грбот, глутеусот и нозете. Ако и понатаму не можете да се спуштите ниско, само полека. Немојте да се форсирате на нешто на што не сте подготвени.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина