Обидувајќи се секојпат да доживејат оргазам, некои од нас посегнуваат по медицинска и нутриционистичка диета.

Во филмовите можеме да видиме карикирани сцени на мажи кои се концентрираат за време на секс за да не ејакулираат предвреме, па замислуваат крајно нестимулативни сцени, а за тоа време жените се трудат со сите сили да го пронајдат патот до својот оргазам. Едни мора да водат љубов во точно одредена поза, на други најважна им е предиграта, а на трети доволно им е само да ги истегнат стапалата, па секојпат да свршат.

Повеќето жени бараат нови начини за постигнување оргазам, но тоа ретко им успева. Според некои податоци, еднаш од седум пат. Повеќето жени, дури 75%, се несреќни, бидејќи никако не можат да го постигнат за време на сексот, со тоа што не можат да сметаат ниту на клиторална стимулација ни на издржливоста на својот партнер. Понекогаш го губат трпението, па се откажуваат дури и за време на мастурбацијата. Врз основа на едно големо истражување, кое пред 15 години е спроведено во САД и Англија, било откриено дека една од четири жени не може да постигне оргазам од било кој вид.

На Интернет, меѓу останатото, може да се најде и ‘оргазмичка диета’. Интернетскиот сексолог Марена Линдберг, тврди дека ја патентирала оваа диета на себе и дека успеала. Диетата се темели на консумирање рибино масло, одбегнување кофеин и никотин и на намалено консумирање јагленохидрати (кои се вистински ,,убијци,, на оргазмот) и белковини. Притоа се консумира и по 15 грама црна чоколада. Покрај исхраната, во постигнувањето оргазам многу и помогнале и Кегеловите вежби.

Кажано накратко, најголем проблем во неможноста современата жена да може нормален оргазам лежи во лошата исхрана, која го попречува нејзиното сексуално здравје. Вагиналниот оргазам, за разлика од клиторалниот, се постигнува со стегање на карличните мускули кај т.н. Г-точка. Со оглед на тоа што клиторалниот оргазам го истегнуваат вагиналниот канал, со тоа Г-точката сиректно се стимулира. За разлика од многу понесилниот клиторален оргазам, од вагиналниот оргазам затреперува целото тело, а може да се манифестира и како низа од послаби оргазми. Според мислењето на Марена, за постигнување на жемскиот оргазам пресудни се четири нешта: вишок ,,слободни,, тестостерони, вистинска рамнотежа помеѓу допаминот и сератонинот, добра циркулација и тонус на карличните мускули. Нејзината диета влијае на секое од нив одделно.

Случајно откритие

Марена вели дека случајно дошла до својот вистински оргазам – кога почнала да ги стиска спонтано карличните мускули. До тогаш имала голем проблем со постигнувањето на оргазам. Ова случајно откритие и го спасило бракот. Почнала да ги вежба карличните мускули со тегови, со цел да постигне мускулен тонус. Кога забременила, почнала да пие рафинирано рибино масло како природен лек против депресија. Тогаш забележала дека и пораснала желбата за секс. Кога паузирала со земањето на ова масло, набрзо и спласнувало ведрото расположение. Со комбинирање на Кегеловите вежби и на оргазмичната диета почнала да свршува и за време на сексуален однос. Кога успејала да постигне два-три оргазми во низа, вели дека и сопругот и се охрабрил од тоа и станал вистински пастув.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина