Здравата исхрана е единствениот сигурен чекор за продолжување на животот. Па, затоа пронајдете ја мерката. Следете ги следниве совети, доколку сакате да си го сочувате здравјето и да ја постигнете толку многу посакуваната долговечност.

Не прескокнувајте ги оброците

Ако се доведете во ситуација да бидете многу гладни, многу поголеми се шансите дека ќе изедете многу храна. Не е случајно што повеќето луѓе јадат по три оброци дневно, можеби со некоја ужина – тоа е динамиката која одговара на метаболизмот кај повеќето луѓе. Држете се колку што можете повеќе до ова ако не сакате да се здебелите.

Внимавајте во рестораните

Порциите во рестораните – а ова важи и за кафеаните, киосците и буквално сите места каде се подготвува готова храна се значтелно поголеми од оние дома. Секако никој не вели дека треба да се јаде само она сами што ќе го зготвите, но понекогаш треба да се потсетите на тоа дека просечна порција месо во угостителски објект е дури за 3 пати поголема од препорачаната порција месо во еден оброк! Затоа не е лошо да се порача половина порција секогаш кога е тоа можно – или едноставно да се изеде половина порција, а остатокот да се побара да биде спакуван.

Започнете го оброкот со супа

Можеби не делува како некое логично решение за намален внос на храна, бидејќи всушност на тој начин се внесува повеќе храна, но истражувањата од страна на Националниот институт за здравје на САД покажале дека оние луѓе кои јадат супа на почеток на ручекот внесуваат за 20% помал број калории, пред се поради чувството на исполнетост во стомакот кое го носи супата. За најдобар однос на калориите и ситоста започнете го оброкот со бистра супа или чорва од зеленчук.

Посветете се на оброкот

Потребни се 20 минути за до желудникот да стигне порака дека сме сити. За тоа време може да се изеде многу, доколку јадете брзо и во големи залаци. Покрај тоа, бавното и темелно џвакање не само што го зголемува чувството на уживање во вкусовите, туку и го растовара желудникот, кој помалку може да ја користи киселината за да ја разгради храната. Потребно е да се отстранат сите можни нешта кои можат да ви го одвлечат вниманието додека јадете, како што се секакви книги или керани. За жал, естопати и доброто друштво знае да биде поттик дека ребате повеќе да јадете.

Не јадете од пакувања

Ова во суштина е многу едноставно и интуитивно – а истражувањата потврдуваат дека луѓетпо во просек изедуваат за 50% повеќе грицки кога ги јадат директно од пакувањето. Ова важи исто и за закуската директно од фрижидеротno, која е чест и омилен спрот кај нас, посебно навечер. Секојпат кога можете, потрудете си да си направите оброк.

Бонус совет за напитоци: Пијте од тесна и висока чаша

Една студија објавена во научното списание во 2000 година покажала дека дури и искусните бармени ставаат 20% повеќе пијалок во ниска, поширока чаша. Затоа,секој кој сака барем малку да ги смали калориите добиени од течностите му се препорачува да пие од тесна, висока чаша.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина