Мноумина се обесхрабруваат од фактот што бавно губат килограми, додека на некои менталната состојба поврзана со кетозата им е пријатна, еден вид знак на нешто што се случува во правец на редуцирање на мастите. Мозокот е многу зависен од нивото на шеќер во крвта и во текот на кетозата некои луѓе доживуваат иритации и потешкотии во решавањето на менталните задачи. Без разлика на се, со тек на време луѓето станаа до толку опсесивни, што почнаа да ја тестираат својата урина на кетони дури неколкупати дневно.

Кетогената диета може да се практикува долгорочно. Некои тоа го прават доброволно, на други тоа им е препорачано од доктор поради специфичната здравствена состојба, како на пример во случај на епилепсија. Некои имаат мислење дека кетогената диета во однос на диетата со малку масти е побезбедна и поефикасна. Ова размислување е неосновано, бидејќи постојат многу малку докази за таквите тврдења поради малкуте истражувања и следења на испитаниците.

Глувци на диета

Објавена е студија која разоткрива некои прашања во врска со кетогената диета. Група научници во болницата Бет во Израел, која е дел од Харвардскиот медицински систем, ги споредила кардиоваскуларните ефекти на три видови диети, со иста количина холестерол во сите три, на глувци одгледувани така што да развијат артериосклероза (таложење наслаги во крвните садови). Стандардниот оброк кај првата група содржела малку протеини и масти, а околу 65% јагленохидрати. Другата група била на диета која била најприближна до она што денес луѓето го јадат, а го нарекуваатзападна диета“ (43/15/42 – јагленохидрати/протеини/масти), додека третата група била на диета со малку јагленохидрати и тоа 12/45/43 (јагленохидрати/протеини/масти).
Глувците природно не развиваат артериосклероза, а првата група која добивала стандарден оброк по 12 недели имала чисти артерии. Втората група назападна диетаимала значително висока артериосклероза, додека третата група со малку помала. При прегледот на овие резултати научниците откриле дека нема разлика во холестеролот, лошиот холестерол и оксидираниот холестерол кај глувците кои биле хранети со западна диета и диета со малку јагленохидрати. И двете групи за четирипати повеќе имале зголемен холестерол во крвта во споредба со групата која била на стандардна диета. Кај диетата со малку јагленохидрати не било забележано зголемување на оксидативното оштетување (молекуларните оштетувања од кои не штитат антиоксидансите). Се смета дека оксидативните оштетувања ја зголемуваат чувствителноста на крвните садови на артериосклероза.
Друг фактор кој е поврзан со артериосклерозата е воспалението. При истражувањата со направените прегледи на двата вида воспаленија се покажало токму спротивното од очекуваното. Кај диетите со малку јагленохидрати имало малку маркери кои укажуваат на воспаление во крвните садови, исто како и кај стандардната диета со која била хранета првата група глувци која не развивала артериосклероза.
Глувците од третата група, која била на диета со малку јагленохидрати претрпеле драстичен пад во создавањето на нови клетки кои нормално ги обложуваат крвните садови. Степенот на опаѓање на овие клетки бил дури 80% и исто така влијаел на клетките во коскената срж. Иронично, еден хормон кој го стимулира производството на клетките за обложување на крвните садови, ВЕГФ, всушност се зголемил при оваа диета. Ако неправилно се прочитаат вредностите на клетките од облогата (ендотелијални или матични клетки т.н. ЕПЦ) како и хормонот ВЕГФ, доаѓа до лоша дијагностика, па докторот може да смета дека диетата со малку јагленохидрати, всушност, е побезбедна за кардиоваскуларното здравје.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина