Соте со зеленчук и шампињони
Состојки:
- 200 гр. моркови
- 150 гр. кромид
- 200 гр. домати
- 200 гр. тиквички
- 300 гр. шампињони
- 3 – 4 лажици соја сос
- 2 лажици доматно пире
- магдонос
- сол
- црн пипер
- масло
Подготовка:
Морковите, кромидот, доматите и тиквичките исецкајте ги на коцки, а шампињоните на ливчиња. На малку масло пропржете ги кромидот и морковите околу пет минути, па додајте им ги другите зеленчуци. Пржете додека не омекнат. Потоа додадете им ги доматното пире, соја сосот, солот, црниот пипер и пржете уште неколку минути. Тргнете ги од оган и додадете го на крај ситно сецканиот магдонос.
Тагови: здрави рецепти