Ако сакате кафето, чајот, смутито или јадењата да ги направите супер здрави и да ви исчезнат засекогаш тромавоста и енергијата како никогаш и да ги немало, тогаш ,,волшебниот,, прав мача, кој поттекнува од Јапонија е најдобриот избор.

Правот мача е ситно мелен прав добиен од листовите на зелениот чај. Листовите се процесираат, а потоа правот се просејува и се мати со топла вода. Тој со право е ставен во редот на супер храна, бидејќи неговите состојки исполнуваат со енергија и вдахнуваат нов живот.

Праксата на правење на мача правот настанала во Кина околу 10 век, но најдобрата мача поттекнува од Јапонија. Дури и древната традиција на пиење на чај настаната во 12 век во Јапонија е изградена токму околу мача правот, кој е славен по својот препознатлив и посебен вкусЗа разлика од другите зелени чаеви, грмушките мача 20 дена пред жетвата се покриваат за да се заштитат од директното влијание на сонцето. На тој начин се поттикнува производството на хлорофил, кој им дава на листовите потемна, пожива нијанса на зелена боја, а се зголемува и производството на Л-тенинот, аминокиселина која е природна состојка на растението чај и на некои видови печурки. Оваа состојка е заслужна и за особината на чајот истовремено да смирува и стимулира. Покрај тоа, мачата го поттикнува метаболизмот и побрзото согорување на маснотиите, помага во регулирањето и оддржувањето на оптималните нивоа на шеќер во крвта и се смета за 10 пати посилен од обичниот зелен чај. Токму затоа мача правот е идеален за правење во облик на кафе, чај, смути, но и како додаток за некои јадења.

Подготовка на мача во облик на чај:

Во филџан се додава лажичка мача прав, се додаваат 2 – 3 лажички топла вода и се мати правот до запенување. Се додава топла вода во врвот од филџанот, се меша и се пие.

Подготовка на мача во облик на кафе:

Мача правот се разматува во филџан. Се загреваат 2 децилитри млеко. Во филџанот се става половина од топлото млеко, а половина се става во мало шишенце и силно се мати додека не се постигне густа, кремаста пена. Пената се додава во напитокот, малку се меша и готово е мача кафето. По желба, се украсува со мача прав.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина