Чај – вкусна и лековита топла напивка
Во пресрет на зимата, се повеќе се зголемува консумацијата на чаеви на нашето поднебје. Освен што е вкусна топла напивка, чаевите од различни билки се и многу лековити. Нашите домаќинки употребуваат неколку врсти билки од кои најчесто приготвуваат чај, а некогаш вешто прават и мешавина од нив. Освен што речиси сите видови на чај можете да ги најдете во сите продавници, маркети и аптеки во форма на филтер кесички, истите можете да ги наберете и директно од природата- од околните ридови и планини. Во продолжение следуваат најчестите и најупотребувани билки за чај :
Зелен чај
Зелениот чај потекнува од Кина и е моќен антиоксиданс. Го намалува ризикот од болести на срцето и кардиоваскуларниот состем, ракот и многу други хронични болести. Зелениот чај помага во варењето на храната, а особено благотворно влијае врз кожата. Многумина го сметаат за најздрав чај во светот, кој оможе да спречи појавување на многу болести.
Коприва
Чајот од коприва уште од прастари времиња се користи како третман при инфекција на уринарниот тракт и на бубрезите. Копривата е богата со калиум, кој е природен диуретик, но и со железо, кое помага во производтсвото на црвени крвни зрнца. Чајот од коприва ја прочистува крвта и го стимулира обновувањето на клеките , а се препорачува и како лек за луѓето што имаат проблеми со кожата.
Липа
Чајот од липа доста се користи на македонското поднебје, и тоа воглавно помага при настинки, грип и воспалено грло. Исто така, се користи и како природен лек против несоница. Се препорачива за смирување и за опуштање на нервите, па затоа се препорачува на луѓе што постојано се изложени на ментален напор.Сепак, чајот од липа треба да се конзумира во умерени дози, бидејчи прекумерни коичевства можат да предизвикаат срцеви проблеми.
Камилица
Уште од дамнешни времиња, во Македонија бил познат чајот од камилица како чај кој опушта, добар е за варењето на храната, ги намалува кожните осипи, помага при грчеви и ублажување на болката. Поради нејзините својства, камилицата го разубавува изгледот на кожата и косата и ги прави посилни , поздрави и посјајни. Се верува дека доколку имате проблем со кожата или едноставно сакате поубава и негувана кожа, доволно е само еднаш да се измиете со чај од камилица. Жените често користат камилица и за ублажување на менструалните болки.
Нане
Освен што има пријатен мирис и вкус на пеперминт, чајот од нане има и многу лековити својства. Претставува многу ефикасен лек против настинки, а помага и при проблеми со варење на храната и ги смирува желудникот и цревата. Поради тоа се смета за верен сојузник во борбата со килограмите. Доколку цел ден имате потреба нешто да џвакате или јадете, вам ви треба некој природен поттиснувач на гладта, а нането има многу силен мирис и вкус и поради тоа се смета за совршена намирница кога станува збор за намалувањето на апетитот и спречувањето на потребата за храна во доцните поладневни или вечени часови.
Нането исто така, многу позитивно влијае и врз нервниот систем поради што се препорачува за нервозни и анскиозни луѓе.