Најновите истражување покажале дека сончањето всушност создава зависност. Лабораториските глувци станале зависни од бета-ендорфинот, опијат сличен на наркотиците, која кожата го произведува кога е под дејство на ултравиолетовите зраци.

Тимот од Општата болница во Масачусетс, САД, го следел овој опијатен систем, кој реагира слично како во случаите со дрогирање со хероин. Научниците откриле дека бета-ендорфинот и пигментот меланин потекнуваат од ист протеин. Други студии исто така покажале дека оние кои сакаат манијакално да се сончаат, кога ќе примат лекови кои ги блокираат овие рецептори, реагираат слично на наркоманите кои се ,,симнуваат,, од дрога. Во уште една уште понова студија, избричени глувци биле третирани со УВ-зраци доволно долго за да потемнат, но не и да изгорат. По неколку дена, во крвта на овие глувци се зголемило нивото на бета-ендорфинот. Интересно е што со порастот на бета-ендорфинот кај глувците растел и прагот на толеранција на болката, што укажува на тоа дека токму ендорфинот имал клучна улога во тоа.

Кога на овие глувци им ги блокирале рецепторите, нивото на болка брзо им се вратило во нормала. Глувците покажувале исти симптоми како наркоманите кога ,,кризираат,, – се треселе и чкртале со забите. Тие дури и го модифицирале своето однесување како реакција на загубеноста поради наглото исчезнување на изворот на бета-ендорфинот – оние кои примиле блокатори додека престојувале во темни кутии потоа повеќе сакале да престојуваат во бели кутии, што не е својствено за овие глодари. Ова е уште едне пример за кризирање исто како кај наркоманите.

Луѓето и глувците имаат слични хемиски процеси во организмот, поради што научниците веруваат дека бета-ендорфинот може да предизвика зависност и кај луѓето. Изложувањето на сончевите зраци е добро, бидејќи така го добиваме неопходниот за организмот витамин Д, но освен појавата на меланоми, на овој начин ризикуваме и да станеме зависници од сончањето, што повторно е директен пат кон патот за добивање рак на кожата, сметаат научниците.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина